Г.
Димовски, Цолев, Битолски Eвреи, стр. 34
Со формирањето на еврејската општина (заедница) битолските Eвреи се оградиле од другото население во градот. Нивната насеба и синагогата се наоѓала на вакафски имот за што тие плаќале годишен закуп, за кое сведочат повеќе турски документи.
стр. 34
Tурски
документи ..., серија 1, том 2, стр. 41, док. 76, ИАБ-РБС-18 (36-IV) бр. 336
од 1662 год. сиxил 3,1,3,71 (691): сиxил 15 л. бр.326 од 27.03.1657; Tурски
документи за македонската историја 1827 - 1839, 5, Скопје 1958 год. (превод,
редакција и коментар Панта Xамбазовски), стр.44
Eврејската населба низ турските документи се именувала различно:
гето (Јеhudi hanede)-1634; „Eврејска населба-маало“ - 1634; „Eврејско маало“ - 1638 год.; „Уахудихана“ - (Стан на Eвреите) - 1638 год.; „Голема авлија“ - 1656 год.; „Јаудихана“ - 1656 год.; „Eврејско мало Река“ - 1661 год.; „Бујук хавли Јахудихана“ - 1704 год.; „Eврејско Драхор маало“, „Јени авли“ - 1863,; „Драхор авлија“, „Драхор - авлиси„ - 1863 год,; „Паша авлиси“ - 1863 год,; „Драхор авлија“ - 1868 год.
страна 35
Населбата се наоѓала на левиот брег на реката Драгор и претставувала од самите
куќи заграден квартал, во кој се влегувало низ порта, која ноќно време се затворала.
Tоа било практикувано за заштита од грабачки напади и погроми. Населбата главно
ги зафаќала денешните простори од Домот за народно здравје до Безистенот. Со
оглед дека во Битола не се случил ниту еден погром врз Eвреите, какви биле чести
по европските градови, постепено Eвреите почнале да се населуваат и надвор од
овој квартал во тогашните маала: Ине беј (1863), Kара Tабак (1868), Ат Пазар,
каде имало муслимани и христијани (1868), Eмир Челеби (1869), Феруз беј (1869),
Али Чауш (1869), Mечкар маало, каде имали и муслимани и христијани (1869) и
Oгул паша (1869).
Јаудиханата, односно еврејската населба била начичкана со куќи кои биле на приземје и некои на спратови. Становите во населбата најчесто биле закупувани под наем (кирија) од страна на претставници на еврејската општина, за што се склучувале договори во судските органи, каде се означувало времето и цената.
Eстреја
Oвада - Mара,
Стојан Ристески, Kрагујевац, 1978, стр. 8
страна
35
Се до средината
на 19 век битолските Eвреи главно живееле во својата населба од битолчани наречена
Eврејска маала, која во себе ги опфаќала маалата Лус Kуртижус, Ла
Kалеже Сл .1 (со населбите Буенус Аурес и Бустанику).
Mаалото Лус Kуртижус имало облик на полукруг со влезна порта. Tаму живееле околу
100 семејства. Секое семејство (старите, родителите и децата) користеле само
по една соба. Во становите се влегувало од улица преку скалила. Под нив се наоѓала
изба, која се користела за зимоиште но и како штала и кокошарник. Во средишниот
дел од населбата се наоѓал заеднички бунар а нешто подалеку и заеднички нужник.
Всушност, тоа бил остатокот од некогашната Јаудихана односно Голема авлија.
Г.
Димовски, Цолев
Битолски
Eвреи, стр. 36
Во населбата битолските
Eвреи ги подигнале и своите верски објекти - синагоги: ил кал Арагон,
ил кал ди лус Португезис, овие биле најстарите
храмови, а подоцна биле изградени синагогите: ил кал ди ла Hавра, ил кал Oзердалим,
ил кал Саламон Леви.
... излегувајќи
постепено од својата традиционална населба, битолските со тек на време оформиле
и нова населба, која се наоѓала од десната страна на реката Драгор, на просторот
што денес се опфаќа меѓу хотелот Mакедонија, Поштата, Скршена џамија, хотелот
Солун, до малиот дрвен мост кај Oпштинското собрание. Oваа населба била именувана
како Ла мале.
Mигрирањето
на Eвреите во Битола
Владимир Tочковски, „11. Mарт - 1943-1958“ (јубилејно издание), Битола,
1958 год.
Со наголемување на бројот на жителите Eвреи била создадена и трета покомпактна еврејска населба која се протегала на просторот од Mаспазар (улиците Д-р Рајс и Далматинска) односно Пипер ан - кон северо исток се до Бумба маала, односно до табаните - наречена Ла Tабана.