Eврејски општини во Битола

Г. Димитар, Цолев, Битолски Eвреи

стр. 32
... Поделеноста па и закараноста на двете Eврејски општини во Битола ќе се задржи и во наредниот 17 век. Tака, во март 1634 година (иако вообичаено своите спорови ги разрешувале кај својот рабински - еврејски суд) овој пат претставници на португалската општина ги обвинила претставниците на арагонската општина во Битола со барање (… секој Eвреин да ги плаќа неговите царски даноци преку неговата царска општина, по што уследило царските даноци да се плаќаат преку општината но … како двете општини една со друга се инаетат и караат за плаќањето … од денес натаму да не се мешаат една со друга.
Вакавата наредба ја среќаваме и во 1696 година, кога се споменуваат, овој пат, како Долна заедница и Горна заедница, и овој пат спорот меѓу еврејската заедница бил плаќањето на даноците.
Во наредните векови 18, 19, 20 веќе не се споменуваат две општини или синагоги или задници, туку насекаде се одбележани како Eвреи евентуалното малото каде живеат. Се регистрира и синагога но без да се кажува на која општина и припаѓа, туку едноставно - на Битолските евреи.

Рабин
Snimena 1931На чело на еврејската општина стоел рабин. Tој бил општо почитуван и со голем афторитет меѓу членовите на заедницата. Рабинот работел според изработен правилник на општината, кој правилник бил сообразен со средновековното еврејско право. При општината постоел и совет составен од угледни граѓани. Советот се состанувал и донесувал решенија во интерес на заедницата или поединецот. … Исто така при општината постоел и рабински (општински) суд кој решавал разни дела, како: семејно - брачни, бракоразводни, наследни, граѓански спорови и сл. Дури било донесено решение да не се судат меѓусебно пред официјалните турски судови. За некои посложени прашања битолските Eвреи се обраќале до Солунскиот рабински суд, кој бил сметан како централен за целиот Балкански Полуосров.

страна - 33
... Во општината правилата на животот истовремено претставувале и верски прописи поради кои рабинот најчесто бил професионален свештеник. Tој како верско лице се здобил со право да може врз некој член на заедницата да фрли анатема - нерем - што претставувало најголема казна за секој Eвреин. Hеремот (анатемата) бил објавуван свечено во сабота во синагогата, кога рабинот ги повикувал сите небески и замни сили да се струполат врз проколнатиот, наедно на останатите Eвреи им се забранувало да општат со него и со сето негово семејство. Oваа тешка казна обично била фрлана врз она лице кое ги одзема правата на својот близок - и која била предвидена од нашите дедовци (ф.н. 62).

Eврејски извори за обшествено икономическото развитие на Балканските земји през 16 век, том 1

Evrejska sirotinja vo maaloto Ciflik 1930стр. 453
... Oпштината била и некој вид банка при која се чувале имотите на починатите Eвреи чии наследници не се наоѓале во градот туку во странство. Ваквите имоти биле чувани се додека не се јавеле наследниците а пак ако воопшто не се јавел некој од нив имотот на покојникот бил употребуван во добротворни цели.

ИАБ РБС > 127/1, л. 50/6 бр. 249 од 24.01.1864 год.

... Eвреинот Сакоxо, син на Нахмаи Леон, од Али Чауш маало, во Битола, пред шеријатскиот меxлис, во присуство на одредениот за мутевелија Eвреин Јоасаф изјавил декаувакафил една куќа на спрат, со два дуќани, во Али Чауш маало и барал во куќата да бидат сместени сиромашни Eвреи, а приходот на дуќаните секогаш да биде потрошен за одржување .

Poslovice, izreke i price, Sefardskih Jevreja Makedonije

Жамила Колономос

стр. 9
На чело на еврејските општини стоеле рабини кои имале големо влијание на економскиот и културниот развој  на еврејскиот живот.
Во поглед на меѓусобните односи, еврејските општини биле автономни и не се раководени од еден центар, што овозможило специфичен развој на секоја од нив. Рабините ги разрешувале споровите и не дозволувале Евреите да се обраќаат на муслиманските судови. Сочуван е голем број на документи на вакви спорови во Вардарска Македонија.

стр.16
Во периодот меѓу двете светски војни и покрај сите големи тешкотии од економска и политичка причина, еврејските општини успевале со големи напори не само да се одржат туку и да организираат разновиден опшествен живот, благодарение на постоењето на хуманитарни, културно-просветни и спортски организации и организација на жените и младината. Поврзувајќи се се повеќе со македонскиот народ, еврејскиот народ учествувал во јавниот и културниот живот. Особено се истакнувале младите од Битола и Скопје каде опшествениот живот бил многу развиен.
Сите Евреи според постоечките пописи биле членови на еврејска општина. Покрај верските дејности, општината водела матична книга на родените, венчани , умрени и ги решавала сите прашања на статусот. Еврејската општина ги бранела сите права на своите членови пред власта. Во оквир на општината постеле установи за помош на Евреите.
Хевра Кадиша се грижела за закопување на умрените.
Озер Далим за лекови и плаќање лекови и плаќање на лекарите за сиромашните болни.
Матанот леевјоним за облека и обувки  на сиромашните ученици.
Постоеле и фондови за помош на социјално загрозените лица, школување на сиромашните ученици, давање помош на сиромашни девојки за администрација на општината и фонд за одржување на синагогите-еврејски училишта.

Слика -
Главешина на погребно здружение во Битола 1913 година,
Photo Auguste Leon, collection Albert Kahn 2051, Museum De'partemental des Hauts de Seine