Синагоги во Битола

Г. Цолев, Битолските евреи

Во Битола се споменуваат две еврејски општини и два храма (синагоги), односно Арагон (сл. 1) и Португезис. (Eврејски извори..., том 1, Софија, 1958 год, стр.507)

Изградбата на синагогите веројатно била некаде кон средината или крајот на 16 век. Во еден документ од околу 1580 год. Се соопштува дека португалската општина била помалубројна па било решено за молитва да се собираат во синагогата Арагон, а пак португалската синагога да служи за параклис. Mегутоа, лугето од португалската синагога се спротивставиле и рекле дека не биле исполнети нивните услови, имено дека дрводелците и работниците требале да работат еден ден во синагогата Арагон и два дена во параклисот. Но, до денешниот ден не неправиле ништо во параклисот. Исто така тие се заколнале (на првобитното решение) мислејки дека ќе нема доволно луге во градот за да оформат одделна синагога. И сега ...увидуваат дека клетвата била грешка. На прашањето од португалската синагога следува одговор од рабинскиот суд кој гласи: Eноријаните од португалската синагога следува да бидат ослободени од клетвата, затоа што имало доволно луге за да имаат две синагоги.

Г. Димовски, Цолев
Битолски Eвреи, стр. 36

Во населбата битолските Eвреи ги подигнале и своите верски објекти - синагоги: ил кал Арагон, ил кал ди лус Португезис, овие биле најстарите храмови, а подоцна биле изградени синагогите: ил кал ди ла Hавра, ил кал Oзердалим, ил кал Саламон Леви.
... излегувајќи постепено од својата традиционална населба, битолските со тек на време оформиле и нова населба, која се наоѓала од десната страна на реката Драгор, на просторот што денес се опфаќа меѓу хотелот Mакедонија, Поштата, Скршена џамија, хотелот Солун, до малиот дрвен мост кај Oпштинското собрание. Oваа населба била именувана како Ла мале.