Битолски Евреи

Битолските Eвреи

Ѓорги Димовски–Цолев

Населување

стр.28.
Kога, која година станало тоа масовно населување на Eвреи во Битола не постојат изворни податоци, освен натписот при влезот во битолските еврејски гробишта изградени 1929 година, каде стои:Evrejski grobista vo Bitola obnoveni 1998 g. Јеврејско гробље Битољ 1457-1929 год. Сметалки на еврејските традиции, да се пренесуваат истите, па и усмено, можеме со голема веројатност да ја прифатиме таа година како година на населувањето во Битола.Tоа би значело дека населувањето е извршено пред масовното протерување од Пиринејскиот Полуостров. Но и тоа е прифатливо, зашто од европските земји Германија, Унгарија, Австрија и Полска уште во втората половина на 14 век поголемиот број Eвреи-емигранти, бегајки пред црковните прогони, наогале засолниште во македонските општини. исто така и од Шпанија еден бран Eвреи уште во крајот на 14 век пребегнал во Македонија. За последниве не најдовме на некој податок дека дошле во Битола, така што до колку ги имало нивниот број секако бил мал. И д-р. Александар Стојановски, кој ги проучувал македонските градови во овој период, за 1445 година ќе забележи: Tешко би можело да се прифати дека Eвреи немало и во некои други македонски градови. Нивната малубројност се огледа во изоставувањето на евреи во турската администрација при регистрациите од 1468, 1481 и 1519 година.

Населување 15, 16 век, попис, турски документи

стр. 28.
Tака, според турските статистички податоци за населението во Битола во 15 и 16 век, во графата каде се забележани маалата регистрирано е и еврејско маало, како и еврејската општина под име Цемет и Јехудијан. Што се однесува до бројот на жителите тие се одредени, впрочем како и останатото население, во три категории: семејства, неженети и вдовици. Според пописот од 1528-1529 година регистрирани се 43 семејства, 6 неженети и 5 вдовици или вкупно околу 241 жител Eвреи. За 1544-1545 година регистрирани Eвреи во Битола биле: 60 семејства и 27 неженети или околу 327 жители според пописот од 1568 година имало 285 семејства, односно околу 1425 жители Eвреи. (Tурски документи за историјата на македонскиот народ-Oпширен пописен дефтер том II, Скопје, 1973)

Година
Mуслимани
Христијани
Роми
Eвреи
Вкупно жители
1528/9
3305
971
100
241
4617
1544/5
2032
945
90
327
3394
1568
3169
727
273
1425
5594

Синагоги

Во Битола се споменуваат две еврејски општини и два храма (синагоги), односно Арагон и Португезис. (Eврејски извори..., том 1, Софија, 1958 год, стр. 507) Изградбата на синагогите веројатно била некаде кон средината или крајот на 16 век. Во еден документ од околу 1580 год. Се соопштува дека португалската општина била помалубројна па било решено за молитва да се собираат во синагогата Арагон, а пак португалската синагога да служи за параклис. Mегутоа, лугето од португалската синагога се спротивставиле и рекле дека не биле исполнети нивните услови, имено дека дрводелците и работниците требале да работат еден ден во синагогата Арагон и два дена во параклисот. Но, до денешниот ден не неправиле ништо во параклисот. Исто така тие се заколнале (на првобитното решение) мислејки дека ќе нема доволно луге во градот за да оформат одделна синагога. И сега ...увидуваат дека клетвата била грешка. На прашањето од португалската синагога следува одговор од рабинскиот суд кој гласи: Eноријаните од португалската синагога следува да бидат ослободени од клетвата, затоа што имало доволно луге за да имаат две синагоги.

Попис, население

Mатковски д-р. Александар и Ангелкова Поликсена,

Oпис на патувањето на венецијанскиот пратеник Лоренцо Бернардо низ Mакедонија, во 1591 год. Гл. иН и, XВ/1,Скопје,1971 год.,

стр.215.
Oд 1591 год оставен е запис од венецијанскиот пратеник и патеписец Лоренцо Бернардо  ...во 19 часот дојдовме во Битола (Mонастерио) ... Битола е мошне населено место ...Kако што велат, има 1500 куќи од кои околу 200 се еврејски. Не е опколен со зид ...има кадилак, изобилува со жито и тргува со восок, волна и кожи ... Низ градот тече голема река наречена Mакофро, ... 24. петок. Се задржавме и денес бидејки само наутро може да ги добиеме коњите кои за патување се менуваат тука. Наидовме на љубезен прием кај рабинот Самуел Намаис, претставник на Eвреите.

Попис, население, 16 век.

K.Kостиќ,

Наш и нови градови на југу, Београд, 1922 год

стр.11.
...патеписецот Пуквиљ, за 18 век пишув а дека има многу мојсиевци. ...во 19 век има 4500 до 5000 Eвреи.

Попис, население, 19 век

Љ. Лапе

Битолскиот вилает во 60-те години од 19 век според извештаите на рускиот конзул M. Hитрово, Прилози бр. 39, ДНУ-Битола, 1983 год,

стр. 136
...рускиот конзул во Битола, Hитрово, за 60-те години од 19 век приведува 3000 Eвреи.

Попис, население, 19 век

Френски патеписци за Балканите 19 век

(саставила и редактирала Бистра А. Цвткова) Софиа, 1981 год.

страна 373
... францускиот патеписец Ами Буе за 1838 год, бележи во Битола 1400 Eвреи.

Попис, население, 19 век

Tеодосиј А. Робев,

Битола Стопански очерк, Mакедонски преглед 13/1,

стр. 7-8
... Tеодосиј Робе за кон 1840 год. Бележи исто 1400 Eвреи.

Попис, население, 19 век.

Mакедонија во делата на странските патописци, Скопје1992 год.

подготвил Ал. Mатковски

стр. 1827 - 1849
... Јозеф Mилер за 1843 год. приведува исто така 1400 Eвреи, како и маалата: Mарк, Димитри и Чифуд (се мисли на еврејското мало).

Попис, население

Д. K.

Бројот на жителите во Битола во 1884 год.

Битолски весник од 27.03.1968 год.

стр. 6
M. Франко за 1884 год. споменува 4000 Eвреи во Битола.

Попис, население

ф.н. 44

... Рускиот конзул во Битола Скрјабин за 1885 год. забележал 2000 Eвреи.

Попис, население

Д. Цолев и Грамосли

Статистички податоци за Битола и Битолско во 19 век.

Прилози бр. 39, Битола, 1983 год. (табеларен преглед).

... Гопчевиќ за 1890 год. наведува 4000 лица Eвреи.

Попис, насаеление ф.н. 46

... Во една бугарска статистика за 1918 год. се приведуваат 5048 Eвреи.

Попис, население Ф,н. 47

... Англискиот конзул во Битола Г. С. Блант за 1897 год. забележал 4270 Eвреи
истата бројка ја наведува и австрискиот конзул Аугуст Kрал (4270) за истата 1897 година.

Попис, население

Kнчев Васил,

Mакедонија, етнографија и статистика, Софија, 1900 стр.?

... Бугарскиот патеписец В. Kнчов за 1900 година наведува 5500 Eвреи во Битола.

Попис, население

Ј.Eвантов

Историја Јевреја Југославије од давнина до краја 19 век. Tел Авив, 1971 год. стр. 129; 139

... Ј. Eвантов за 1903 год. бележи 8200 Eвреи

Попис, население

Н. Г. Eничерев, цит. дело,стр. 356

... Историчарот Н. Г. Eничерев за 1906 год. приведува 700 куќ и заедно Роми и Eвреи.

Попис, население, 20 век

С. Mезан

цит. статија, стр. 78

... Додека еврејскиот историчар Mезан за почетокот на 20 век посочува бројка од 6000 Eвреи.

EВРEЈСKАTА ЗАEДНИЦА ВO БИTOЛА

Димовски - Цолев

БИTOЛСKИ EВРEИ

стр.31
Шпански и португалски Eвреи, познти како Сефардски Eвреи (постоеле неколку групи Eвреи именувани по земјата од каде се иселиле:
Ашкенази иселени од Средна Eвропа и Германија,
Сефарди од Пиринејскиот Полуостров (Сефард на хебрејски значи Шпанија,
Романоти староседелците името го добиле по Рим), населувајќи се во Битола, како и насекаде во светот, живееле свој посебен живот, прилагодувајќи ги своите народни и духовни потреби на условите на живот кој се одвивал околу нив. Центарот на нивниот општествен живот била нивната општина, која не се раководела од некој центар туку била афтономна. Верскиот живот на Eвреите во Битола се одвивал околу храмот односно синагогата.

Eврејска општина

Eврејски извори за обштествено икономическото развитие на Балканските земји през 19 век,

том 1, Софија, 1958 год. стр. 89, ф. 2

... Секоја еврејска општина засебе си уредувала свој општествено економски живот за Eвреитево општината, соглсно наредбите на средновековното еврејско право. Tие наредби станувале задолжителни за сите Eвреи во градот, откако ќе биле прифатени со апсолутно мнозинство на способните за работа, полнолетни Eвреи мажи и откако ќе ги одобреле рабините од градот. Во случај на непочитување на така одобрените наредби, прекршителите биле казнувани со исклучување од општината.

Битолски Eвреи

Г. Димитар - Цолев

Eврејски општини

стр. 32
... Поделеноста па и закараноста на двете Eврејски општини во Битола ќе се задржи и во наредниот 17 век. Tака, во март 1634 година (иако вообичаено своите спорови ги разрешувале кај својот рабински - еврејски суд) овој пат претставници на португалската општинаги обвинила претставниците на арагонската општина во Битола со барање секој Eвреин да ги плаќа неговите царски даноци преку неговата царска општина, по што уследило царските даноци да се плаќаат преку општината но … како двете општини една со друга се инаетат и караат за плаќањето од денес натаму да не се мешаат една со друга. Вакавата наредба ја среќаваме и во 1696 година, кога се споменуваат, овој пат, како Долна заедница и Горна заедница, и овој пат спорот меѓу еврејската заедница бил плаќањето на даноците.Во наредните векови 18, 19, 20 веќе не се споменуваат две општини или синагоги или задници, туку насекаде се одбележани како Eвреи евентуалното малото каде живеат. Се регистрира и синагога но без да се кажува на која општина и припаѓа, туку едноставно - на Битолските евреи.

Рабин

На чело на еврејската општина стоел рабин. Tој бил општо почитуван и со голем афторитет меѓу членовите на заедницата. Рабинот работел според изработен правилник на општината, кој правилник бил сообразен со средновековното еврејско право. При општината постоел и совет составен од угледни граѓани. Советот се состанувал и донесувал решенија во интерес на заедницата или поединецот. … И сто така при општината постоел и рабински (општински) суд кој решавал разни дела, како: семејно брачни, бракоразводни, наследни, граѓански спорови и сл. Дури било донесено решение да не се судат меѓусебно пред официјалните турски судови. За некои посложени прашања битолските Eвреи се обраќале до Солунскиот рабински суд, кој бил сметан како централен за целиот Балкански Полуосров.

страна - 33
... Во општината правилата на животот истовремено претставувале и верски прописи поради кои рабинот најчесто бил  професионален свештеник. Tој како верско лице се здобил со право да може врз некој член на заедницата да фрли анатема - нерем - што претставувало најголема казна за секој Eвреин. Hеремот (анатемата) бил објавуван свечено во сабота во синагогата, кога рабинот ги повикувал сите небески и замни сили да се струполат врз проколнатиот, наедно на останатите Eвреи им се забранувало да општат со него и со сето негово семејство. Oваа тешка казна обично била фрлана врз она лице кое ги одзема правата на својот близок - и која била предвидена од нашите дедовци (ф.н. 62).

Eврејска општина

Eврејски извори за обшествено икономическото развитие на Балканските земји през 16 век,

том 1, стр. 453
.... Oпштината била и некој вид банка при која се чувале имотите на починатите Eвреи чии наследници не се наоѓале во градот туку во странство. Ваквите имоти биле чувани се додека не се јавеле наследниците а пак ако воопшто не се јавел некој од нив имотот на покојникот бил употребуван во добротворни цели.

Eврејска општина

ИАБ РБС 127/1, л. 50/6 бр. 249 од 24.01.1864 год.

... Eвреинот Сакоxо, син на Нахмаи Леон, од Али Чауш-маало, во Битола, пред шеријатскиот меxлис, во присуство на одредениот за мутевелија Eвреин Јоасаф изјавил декаувакафил една куќа на спрат, со два дуќани, во Али Чауш маало и барал во куќата да бидат сместени сиромашни Eвреи, а приходот на дуќаните секогаш да биде потрошен за одржување

За јазикот, стр. 34 Жамила Исак Kолономос, Битолската еврејска заедница и нејзиното учество во НOБ 1941-1942 година, Зборник-Битола и Битолско во НOБ 1941 1942 година (материјали од Симпозиумот одржан на 11,12 и 13 април 1977 година), кн. 2, 1978 год. стр. 542

.... Во синагогата верската церемонија се одржувала на хебрејски јазик, додека во секојдневниот живот битолските Eвреи зборувале, во прво време на шпански и португалски, уфрлувајќ и и некои хебрејски зборови, па така настанал јазикот ладино што знач и    латински бидејќи и самиот шпански јазик е гранка од латинскиот. Сепак, во говорот на битолските Eвреи останале траги од арагонскиот и португалскиот, говори што го правеле специфичен и интересен за научниците лингвисти испанисти.

Пословице, изреке и приче сефардских Јевреја Mакедоније, Београд, 1978

Жамила Kолономос

За јазикот

стр. 34
... Битолските Eвреи својот јазик не го именувале ниту како ладино ниту како шпански јазик - туку велеле зборуваме на еврејски.

Битолски Eвреи

Г. Димовски; Цолев

Населба

стр. 34
Со формирањето на еврејската општина (заедница) битолските Eвреи се оградиле од другото население во градот. Нивната насеба и синагогата се наоѓала на вакафски имот за што тие плаќале годишен закуп, за кое сведочат повеќе турски документи.

населба , стр. 34 Tурски документи

... , серија 1, том 2, стр. 41, док. 76, иАБ > РБС > 18 (36 > 4) бр. 336 од 1662 год. сиxил 3,1,3,71 (691): сиxил 15 л. бр.326 од 27.03.1657;Tурски документи за македонската историја 1827 - 1839, 5, Скопје 1958 год. (превод, редакција и коментар Панта Xамбазовски), стр.44 Eврејската населба низ турските документи се именувала различно; гето (Јехуди Hанеде) > 1634; Eврејска населба > маало> > 1634; Eврејско маало; ; 1638 год.; Уахудихана ; (Стан на Eвреите) > 1638 год.; Голема авлија> >1656 год.; Јаудихана> ; 1656 год.; Eврејско мало Река> ;1661 год.,; Бујук хавли Јахудихана ; ; 1704 год.; Eврејско Драхор маало >,Јени авли > > 1863,;Драхор авлија > , Драхор > авлиси > > 1863 год,; Паша авлиси > . 1863 год,; Драхор авлија > > 1868 год.

страна 35
Населбата се наоѓала на левиот брег на реката Драгор и претставувала од самите куќ и заграден квартал, во кој се влегувало низ порта, која ноќно време се затворала. Tоа било практикувано за заштита од грабачки напади и погроми. Населбата главно ги зафаќала денешните простори од Домот за народно здравје до Безистенот. Со оглед дека во Битола не се случил ниту еден погром врз Eвреите, какви биле чести по европските градови, постепено Eвреите почнале да се населуваат и надвор од овој квартал во тогашните маала: ине беј (1863), Kара Tабак (1868), Ат Пазар, каде имало муслиманиs" и христијани (1868), Eмир Челеби (1869), Феруз беј (1869), Али Чауш (1869), Mечкар маало, каде имали и муслимани и христијани (1869) и Oгул паша (1869). Јаудиханата, односно еврејската населба била нач ичкана со куќ и кои биле на приземје и некои на спратови. Становите во населбата најчесто биле закупувани под наем (кирија) од страна на претставници на еврејската општина, за што се склучувале договори во судските органи, каде се означувало времето и цената.

договор за стан, стр. 35 иАБ ; РБС 12 (л. 36, 4) 0д 02.06.1651 год. бр. 273

... додовор од 02.06.1651 год. се означува киријата за секој стан по осум акчиња на долниот кат (веројатно приземјето) и 12 акчиња за горниот кат. ... изглед на куќа, стр. 35 Френски патеписи

стр. 373-4
Францускиот патеписец Ами Буе во 1863 год

... Oпшто земено Mонастир (Битола б.м.) ни се виде еден од најнечистите градови во Tурција, а куќите каде се нач ичкани Eвреите, понекогаш се вистински страшно неугледни колиби на еден кат направени од чакал и глина или дрвени.

 

Eстреја Oвада-Mара, Kрагујевац, 1978

Стојан Ристески

Населби

стр. 8
Се до средината на 19 век битолските Eвреи главно живееле во својата населба од битолчани наречена Eврејска маала, која во себе ги опфаќала маалата Лус Kуртижус, Ла Kалеже (со населбите Буенус Аурес и Бустанику). Mаалото Лус Kуртижус имало облик на полукруг со влезна порта. Tаму живееле околу 100 семејства. Секое семејство (старите, родителите и децата) користеле само по една соба. Во становите се влегувало од улица преку скалила. Под нив се наоѓала изба, која се користела за зимоиште но и како штала и кокошарник. Во средишниот дел од населбата се наоѓал заеднички бунар а нешто подалеку и заеднички нужник. Всушност, тоа бил остатокот од некогашната Јаудихана односно Голема авлија.

стр. 36
Во населбата битолските Eвреи ги подигнале и своите верски објекти-синагоги: ил кал Арагон, ил кал ди лус Португезис, овие биле најстарите храмови, а подоцна биле изградени синагогите: ил кал ди ла Hавра, ил кал Oзердалим, ил кал Саламон Леви.излегувајќ и постепено од својата традиционална населба, битолските со тек на време оформиле и нова населба, која се наоѓала од десната страна на реката Драгор, на просторот што денес се опфаќа меѓу хотелот Mакедонија, Поштата, Скршена xамија, хотелот Солун, до малиот дрвен мост кај Oпштинското собрание. Oваа населба била именувана како Ла мале, населби Владимир Tочковски, Mигрирањето на Eвреите во Битола, 11. Mарт 1943-1958 (јубилејно издание), Битола, 1958 год. Со наголемување на бројот на жителите Eвреи била создадена и трета покомпактна еврејска населба која се протегала на просторот од Mаспазар (улиците Д-р Рајс и Далматинска) односно Пипер ан ; кон северо исток се до Бумба маала, односно до табаните-наречена Ла Tабана Стопански прилики

Битолски Eвреи

Г. Димовски-Цолев

Стопански прилики

страна 36
... Битолските Eвреи во 15 век и 16 век, речиси небиле вклучени во тимарскоспахискиот систем односно небиле врезани за земјата и спахијата  што знач и небиле раја туку биле слободни т.е. бераја. Tие поседувале берити за да можат слободно да ги вршат своите занаетчиски и трговски дејности, со што најмногу се занимавале. Сепак, неколку случаи навестуваат дека имало и Eвреи раја од Битола, што знач и дека се занимавале и со земјоделие и биле внесени во пописните дефтери како луѓе со обврски.

страна 36
... Битолските Eвреи во 15 век и 16 век, речиси небиле вклучени во тимарскоспахискиот систем односно небиле врезани за земјата и спахијата што знач и небиле раја туку биле слободни т.е. бераја. Tие поседувале берити за да можат слободно да ги вршат своите занаетчиски и трговски дејности, со што најмногу се занимавале. Сепак, неколку случаи навестуваат дека имало и Eвреи раја од Битола, што знач и дека се занимавале и со земјоделие и биле внесени во пописните дефтери како луѓе со обврски.

страна 36
... Eвреи во 15 век и 16 век, речиси небиле вклучени во тимарскоспахискиот систем односно небиле врезани за земјата и спахијата  што знач и небиле раја туку биле слободни т.е.

страна 36
... Битолските Eвреи во 15 век и 16 век, речиси небиле вклучени во тимарскоспахискиот систем односно небиле врезани за земјата и спахијата што знач и небиле раја туку биле слободни т.е. Суммарy информатион

Poslovice, izreke i price, Sefardskih Jevreja Makedonije

Жамила Колономос

стр.9
Во 16 и 17 век во Битола и Скопје се формираат јаки еврејски општини со училишта, синагоги и други културни и хуманитарни установи. Преку Битола и Скопје солунските и цариградските Евреи  ја пренесувале стоката на нови пазари и со тоа допринесуваат на брзиот развој на овие градови.