Евреите
во Македонија, Дипломска работа
Славица Стаменкова
Според податоците
од 1863 година се зборува дека во Дојран имало 1115 семејства од кои 25 еврејски
семејства, а според податоците од 1912 година од 1800 семејства 50 биле еврејски.
Пред 1900
година Дојран како среско место имал 29.588 жители од кои 160 еврејски. Евреите
прв пат се спомнуваат во византиско време во 11 век. Со доаѓање на Турците и
преземањето на Дојран во 1371-1372 година се наметнуваат даноци кои ги плаќа
и еврејсксото население. Во времето 18-19 век Дојран го доживува својот развој
како трговски центар и сообраќајна артерија, а 40 еврејски семејства кои исклучиво
се бавеле со трговија на градот му давалеспецифичен карактер. Меѓу најпознатите
и најбогатите биле Дели Мушон и Мајер. Еврејските трговци живееле
заедно во едно маало во градот и на определен дел имале свој реон на пазарот
каде биле нивните дуќани. Во дојран имале и еден пазар, кој бил во вид на покриена
чаршија во центарот на градот, каде биле сместени повеќето еврејски дуќани.
Еврејската населба - махала, се наоѓале кај денешните воени станбени згради.
Во градот имало и еврејско училиште кое било лоцирано покрај храмот. Според
податоците од 1912 година, имало 20 ученици Евреи и еден учител. Постоело и
еврејски гробишта кои се наоѓале на јужниот дел од градот и постоеле до 1960
година.
Теодор Синаитски роден во Дојран и 1839 година ја издал книгата “служење
еврејско“ која послужила како пропагандно средство во чаршијата против опасната
конкуренција на еврејските трговци.