ОООООООО
Лебел
стр. 26-27
Во 14 и 15 век многу Евреи го напуштаат родниот Охрид. Не е разјаснето
која била причината за иселувањето иако Јехуда Москони наговестува нешто
околу неправедноста на грчката државна вера. Некои од нив стигнале во Цариград.
Во тој византиски град имало, како што се чини, толку Евреи по потекло од Охрид,
така што тие изградиле повеќе синагоги.
Познато е дека во 17 век Турците не дозволувале изградба на нови синагоги ниту
пак поправка на постоечките. И покрај таа забрана охридската еврејска заедница
во Цариград се обратила до султанот, со молба да и се дозволи поправка на три
синагоги кои и припаѓале како што се наведува во молбата уште пред Турците да
го освојат Цариград, кои пак изгореле во еден пожар. Во молбата до султанот
пишувана на 15 Рамадан 1104 (10 мај 1694) Евреите по потекло од Охрид точно
ја опишуваат локацијата на тие синагоги, а султанот ја одобрил таа реставрација.
(Галанта стр. 51-52).

Охридската еврејската „тајфа“ во Цариград ги продолжува традициите на заедницата
од стариот крај, дури и тогаш кога во Охрид нема одамна ниту еден Евреин. Тие
во Цариград се труделе до крајот на 15 век и во почетокот на 16 век, што подобро
ги прифатат новите бегалци од Шпанија и Португалија. Но, бидејќи нивните романиотски
обичаи значајно се разликуваат од обичаите на дојденците, искрснале многу проблеми
кои често се решавале и на суд. Изгледа дека романиотите биле многу полиберални
од своите браќа дојденци. Како пример посочуваме дека одобрувале и ќерките да
добиваат дел од наследството како и синовите (Дивре Хефец, стр. 147а)