Студии и сеќавања за Евреите од Македонија, Скопје, 1995
Мориц Елазар
стр.
- 175
Најголем
дел од Евреите во Скопје живееја во Еврејското маало (ние на шпански
едноставно го нарекувавме „la male“), кое се наоѓаше на левиот брег на реката
Вардар веднаш под Калето од неговата јужна страна. Кога се набљудува Еврејското
маало од брегот на Вардар се чини како тоа да се потпира на Калето. Меѓутоа
, не беше така, - меѓу нив постоеше една широка улица, во која се наоѓаа повеќе
дуќани, главно напуштени.
Поголем дел од
куќите од маалото беа изградени на старински начин и обично беа на спрат. Зградите
беа збиени и потпрени една на друга. Повеќето од нив имаа дворови со цвеќе.
Во некои од дворовите имаше повеќе згради со неколку семејства. Беше познат
дворот „Il karadi“, во кој имаше три до четири згради со повеќе жители. Улиците
- поарно кажано - сокаците беа криви и покриени со турска калдрма. Зиме и кога
врнеше имаше кал, а лете прашина.
Просторот
на Еврејското маало кој имаше олик на триаголник, од Калето благо се спушташе
кон Вардар, но самото маало не достигаше до неговиот лев брег. Во тој меѓупростор,
гледано од брегот на маалото од Вардар, од десната страна се наоѓаше Народниот
театар со мал парк, а од левата страна имаше две улици со модерни згради во
кои само по некаде живееја Евреи, но затоа и меѓунив се наоѓаше и зградата на
еврејскиот клуб, кој имаше силно влијание мна културниот живот на Евреите. Од
исток маалото граничеше со црквата Св. Димитрија и Камениот мост.
Со
време како што се зголемуваше бројот на Евреите, маалото стануваше се понаселено,
па затоа се поголем број на еврејски семејства почнаа да ги зидаат своите домови
и во другите делови на градот, на кои Евреите им даваа свои имиња. Така настанаа
имињата: Баданда, (Шест куќи) las ses kazas и други. Специфично е тоа што тие
семејства живееја едни до други или се групираа во одделни улици, така што осамени
еврејски куќи имаше малку. Поголема групација Евреи, надвор од маалото, живееја
во Баданда (на десниот брег на Вардар, во непосредна близина на таканаречениот
Дрвен мост), во населбата Буњаковец, кај Шест куќи или во населбата Идадија,
источно од учителската школа. ...
Евреите од предвоено Скопје во моето сеќавање
...
Еврејското маало со тесен дрвен мост, кој Скопјани го нарекуваа Еврејски мост,
беше поврзано со десниот брег на Вардар. Вистина во непосредна близина беше
и Камениот мост, но, собраќајот меѓу Евреите и оние од маалото претежно се одвиваже
преку Дрвениот мост.
За жал, земјотресот
во 1963 година до темел го разурна Еврејското маало.Така од лицето на земјата
исчезна - по уништувањето на Евреите - и последната трага на една витална заедница
која со векови постоела тука. Ново изграденото Скопје има сосема поинаква урбанистичка
концепција со која и поимот на еврејското маало се повеќе исчезнува од сеќавањето
на старите скопјани. ...