Димовски,
Цолев, БИTOЛСKИ EВРEИ стр.31
Шпански и португалски
Eвреи, познти како Сефардски Eвреи (постоеле неколку групи Eвреи именувани по
земјата од каде се иселиле: Ашкенази иселени од Средна Eвропа и Германија, Сефарди
од Пиринејскиот Полуостров (Сефард на хебрејски значи Шпанија), Романоти староседелците
името го добиле по Рим), населувајќи се во Битола, како и насекаде во светот,
живееле свој посебен живот, прилагодувајќи ги своите народни и духовни потреби
на условите на живот кој се одвивал околу нив.
Центарот на нивниот општествен живот била нивната општина, која не се раководела
од некој центар туку била афтономна.
Верскиот живот на Eвреите во Битола се одвивал околу храмот односно синагогата.