Poslovice,
izreke i price, Sefardskih Jevreja Makedonije
Жамила Колономос
стр. 8
За еврејската заедница
во Штип сочуван е податок, во пописен дефтер од 1512 год. дека
во Штип има 38 еврејски семејства доселени од Солун. Според дефтерот од 1519
год. тој број се намалил на 15. Во 1573 се зголемил бројот на семејствата на
28, во кои не биле израчунати 11 неоженети, што значи за овој период бројот
на семејствата се удвоил.
Евреите
во Македонија, Дипломска работа
Славица Стаменкова
Еврејските
махала во Штип со векови постоеле на мал простор во центарот на градот, на десната
обала на реката Отиња. Пред 2 светска војна во Штип живееле 160 фамилии со 500
жители. Се занимавале воглавном со ситна трговија. Повеќето од Евреите биле
сиромашни. Во Штип имало и неколку менувачи, сарафи, а некои се занимавале со
посредништво. Скоро сите трговци - Евреи, своите работни книги ги воделе на
ладино јазик. Некои се занимавале со шиење повремено, имало еден аптекар и 13
месари. Од занимање како услужни дејности имало двајца кочијаши, три носачи
и чистачи на кондури двајца. Имало и наемни работници. За време на некои празници
во еврејската махала било живо. Во сабота не се работело, а секој петок во одредено
време шамашот го обиколувал и објавувал дека почнува сабота и гласно викал:
Asindiendo ќе ја es tarde т.е. “Палите (светла) е касно“. Посебно место меѓу
еврејските празници завземал Песах.
Старата еврејска синагога во Штип во текот на балканските војни била запалена
со некој еврејски куќи и тогаш сите Евреи се иселиле во Солун. После неколку
месеци од Евреите се вратиле во Штип. Постоеле и еврејски општини и еврејски
училишта во Штип. Друштвениот, културниот и забавниот живот бил прилично развиен.
Евреите од Штип учествувало во НОБ
се до 10 март 1943 година, кога е извршена депортација, сите се одведени во
злогласниот логор Треблинка во Полска. Денес во Штип има еден Евреин со својата
фамилија.
ШТИПСКИ
ВЕСНИК бр.343 28.06.2000
ШТИПСКИ ВРЕМЕПЛОВ
СВАДБАТА
НА ЈАКOВ И ЏИЛДА ЛЕВИ
Снимката
е направена на 28 февруари 1937 година во домот на младоженецот Јаков Мушон
Леви (брат на Хаим Леви), во моментот на изнесувањето на невестата
Џилда Јаков Леви од Скопје
на венчавка. Јаков Мушон Леви, подоцна заминува во Скопје каде работи
како службеник. Во војната како мобилизиран војник загинува на фронтот. На свадбата
на Јаков и Џилда присуствувале многу гости, претежно Евреи од
Штип и Скопје. Меѓу другите на фотографијата која ни ја приложи нашиот сограѓанин
Љупчо Кадифков, се Естерина, снаа на Јаков за брат, Хаим
брат на Јаков, братот на Џилда, Ида Сион, Сињора Леви,
по занимање шивачка, Жана Леви, исто така шивачка, Ментеш Банано,
чевларски работник, Зелда Сион, мајка на Сињора, Панхас Сион,
татко на Сињора и Ана Сион сите од Штип.
ШТИПСКИ
ВЕСНИК број 343, 28.06.2000 год.
Депортација на штипските Евтеи пишува Трајко Босеовски
стр.
22
На
28 мај се навршуваат пет години од смрта на штипскиот првоборец и носител на
партизанска споменица 1941 нашиот сограѓанин Исак
Сион, почина во Белград, каде е и погребан, Сион е единствениот
штипски Евреин кој на 11 март 1943 година успеа да узбега од колонта на неповратот.
Бугарското
царство во 1941 год. Донесе против еврејски закон, кој, всушност, значеше физичка
ликвидација на Евреите без разлика на возраст и пол. По воспоставување на фашистичката
власт, Евтеите беа одбележани со жолти Давидови звезди. Против нив се превземаа
и многу нечовечки мерки. Како и Скопје и Битола, утрото на 11 март (четврток)
1943 година и Штип осамна целиот блокиран од бугарската окупаторска војска и
полиција. Од 5 до 6 часот сите штипски Евтеи беа собрани на плоштадот, а одтаму
во групи беа спроведени до железничката станица. Плачеа децата плачеа и возрасните.
Во монополот во Скопје беа собрани 3.315 Евреи од Скопје, 3.313 од Битола и
551 Евреин од Штип. ...
...При премин
преку Камениот мост на реката Брегалница, од колоната на неповрат успеа да се
одвои и да се спаси од сигурната смрт единствено Исак
Сион, кој вечерта се засолнил во куќата на Фирус Демир. Исак
илегално живееше и извесно,време претстојуваше во домовите на Страшо Рибарски,
Трајко Ставрев и други илегални домови. Исак, Благој Јанко Мучето, Васил
Златев Шиљо, преку Пепо Леви и други активисти успеаја да спасат
дел од еврејското злато, што беше закопано во некои еврејски куќи. Истото злато
беше ставено во служба на НОБ. Во ископувањето на еврејското злато учествуваа
и Ристо Кадивков, Митко Кожинков, Митко Недев, Љупчо Иванов и Предо
Ангелов. Околу еден месец како илегалец Исак престојуваше во селото
Љуботен кај селанецот Стахил Ѓорѓиев. На 19. Мај 1943 година Исак
Сион му се приклучи на Вториот плачковички одред Гоце Делчев.
Но, на 21 мај одредот беше разбиен. Во нерамноправната борба со окупаторот загинаа
командантот на одредот Ванчо Пркев, комесарот Тошо Арсов и борецот
Александар Митрев. Кај Вршин Дол , Виничко беа заробени а по неколку
дена убиени и борците Митко Цецов, Никола Нехтенин и Ванчо Китанов.
Од обрачот успеја да се пробијат Ѓошо Сламков, Митко Ушински и Исак
Сион. Исак повторно се врати во Штип кај Фирус Демир. Илегално
претстојваше и во други домови на партиски активисти во Штип. Пред судирот кај
Виница поради температура Исак е изоставен кај Зрновци. По загинувањето
на Славчо Стојменски, Исак Сион со група Штипски илегалци (Вита Поп
Јорданова, Ацо Шопов, Димче Беловски, Васо Златев, Трајко Ставрев, Мијалче Иванов
и Стојан Бочварски) при крајот на август 1943 година се приклучија на
Шарпланинскиот партизански одред. Потоа се приклучува на одредот на Христијан
Тодоровски Карпош во батаљонот Орце Николов, па во Третата македонска
ударна бригада. На 29. Февруари 1944 година. Бригадата води борба со Козјачките
четници. Во оваа борба е ранет и Исак во близина на селото Сејаце Кумановско.
Како заменик политички комесар во Третиот баталјон на Третата македонска ударна
бригада, Исак
Сион учествувал и во борбата на Пролетната офанзива, која траеше од
април до јуни 1944 година.