Дипломска
работа
Славица Стаменков
Судбината на Македонците
во вардарскиот дел на Македонија под кралството СХС била тешка, бидејќи биле
сметани за јужносрбијанци, а македонскиот јазик бил забранет за употреба.
Евреите имале право да се организираат врз верска и јазична основа, да имаат
општествени организации и печатници на еврејски јазик. Еврејската трговска буржоазија
исто така била во тешка и полоша состојба од српската бидејќи таа била владеачка
буржоазија.
Многу Македонци, но и Евреи ги прифатиле идеите и паролите пропагирани од КПЈ.
Во Германија и Унгарија, се шири антиеврејска пропаганда. Ваквите пропаганди
навлегуваат и во СХС така да се јавуваат и статии во весниците за тнр. „жидовско
прашање“. Се јавуваат и низа други забрани во врска со Евреите и христијаните.
Овие антисемитски, реваншистички и фашистички идеи како и антикомунизмот, брзо
се инфлитрираат во кралството СХС, и во Македонија. Во овој временски период
во Македонија најмногу Евреи има во Битола, Скопје, Куманово Охрид и други места.
Бројот на Евреите се зголемува во 1941 година кога тие бегаат од фашизмот кој
се шири низ цела Европа. Секако, најорганизирани биле еврејските општини, кои
го здружувале еврејското население и имале национален, културно-просветен, верски
и хуманитарен карактер. Уште пред 1939 година се појавуваат антиеврејски пропаганди.
Еврејските работни луѓе, граѓаните, младината, биле членови на КПЈ или во синдикални
организации. Со доаѓање на власт на владата Цветковиќ-Мачек, се донесени
првите ограничувања и прогонувања на Евреите. Донесени се низа антиеврејски
закони. Така почна новата еврејска трагедија која уништи 80% од еврејското население.
Пред војната, најмногу Евреи има во Скопје
и Битола.
Положбата на Евреите во егејскиот дел на Македонија бил загрозен воглавно трговски,
бидејќи сега трговците во Солун, главно, се ориентирани за приморска трговија.
Во Солун, каде имало најмногу Евреи се јавува првата емиграција за САД бидејќи
грчката политика водела кон брза елинизација на Солун и не дозволување за населување
на Евреи во некои делови на градот.
Вториот бран емиграција е забрзан поради неработење на еврејските дуќани во
сабота, а тоа било во полза на грчките трговци. Евреите емигрирале во Палестина
и Александрија. И покрај антисемитски пропаганди Евреите не биле многу загрижени,
бидејќи еврејските општини ги задржале сите свои права. Се создавале низа ционисдтички
и социјалистички организации, се развила богата публицистичка дејност. Меѓутоа,
се повеќе навлегувале антисемитски влијанија особено со фашистичката дикататура
на Метаксас, 1941 година. Пред 2 светска војна во егејскиот дел на Македонија
имало 70.000 Евреи, а од нацистите се ликвидирани 90%. Евреите од пиринскиот
дел на Македонија главно биле стационирани во Петрич. И тука од време на време
се појавува антисемаитски пропаганди. Но и овде Евреите имале своја општина
која ги штитела и свој општествен, верски и хуманитарни организации. Со појавата
на национал-социјализмот во Германија, повторно се издигнува еврејското прашање
во Германија, повторно се издигнува еврејското прашање како првостепено и важно
во внатрешната политика со што започнува безмилосната борба против Евреите,
кои според нив се виновници за се: Ваквата теорија на расизам им послужи на
хитлеровците да ја објават „германската раса“ како единствено совршена и предодредена
да владее и раководи, односно да ги експлоатира другите народи. Носители на
ваквата теорија (над луѓе) се крупната буржуазија зад која се криеле желбите
за ограбување, меѓу другите народи и Евреите кои во Европа претставувале значаен
економски фактор. Антисемитизмот како теорија и практика не бил нов, тој имал
корени уште од античко време, но во 19 век веќе се појавуваат и универзитетски
наобразувани луѓе, кои ја подржуваат оваа теорија. Но, сепак татко на антисемитизмот
е национал - социјалистичка Германија, предводена од својот идеен водач Хитлер.
Универзитетскиот професор Роменг уште во 1874 година во својот „научен
труд“ со голема омраза и жестина ги напаѓа Евреите (талмудски Рвреин) во кој
труд тој ги напаѓа еврејските обичаи и талмудските догми.
Ваквиот спис се ширел со голема брзина низ цела Германија особено меѓу интелктуалците.
Од неговото дело, идните пропагатори ги црпеле своите идеи и се повеќе го зацврстувале
антисемитизмот и омразата кон Евреите. Сите вакви и слични идеолошки творци,
најдоа свој идеен водач во Адолф Хитлер кој беше на чело на новата нацистичка
партија. Хитлер ја напиша неговата по зло прочуена книга „Меин Кампф“ („Мојата
борба“) во која ги изложил своите варварски идеи. Проповеда во книгата дека
Германија треба да стане голема воена сила и ја разви својата расистичка теорија.
Хитлер ја докажуваше нееднаквоста на расите при што Германците ги сметаше за
некаква „ариевска раса“ која била повисока од другите народи. Латинската раса
ја сметал како подолна, па Словените како уште понеразвиени, а на крајот ги
ставил Евреите како најпрезрена раса.
Со својата демагогија Хитлер го придобил незадоволниот народ и на 30.01.1933
година Хитлер доаѓа на власт во Германија, за да ја оствари својата луда амбиција
за „илјадагодишен германски рајх“.
Со тоа почнаа прогони не само на Евреите туку и на сите прогресивни луѓе кои
беа одредувани во концентрациони логори. Почнаа да се појавуваат низа антиеврејски
закони, со кои сите Евреи, или оние кои имале некој свој предок Евреин, или
оние кои имале нешто еврејско, сурово биле елиминирани од живот. Сите вработени
Евреи биле отпуштени од работа, беа принудени да носат Давидова звезда, и изгорени
сите еврејски „заразни“ печатени книги на еврејски јазик.
Со чистките што ги спроведе во нацистичка партија, Хитлер стана единствен
водач „Фирер“ во Германија.
Во 1935 година е донесен „Расистичкиот устав“ со две главни определби, закони:
1. Закон за правото на државјанство и
2. Закон за заштитата на германската раса и чест.
Војната на Хитлер против Евреите и комунистите беше водена долседно,
до целосна ликвидација, а борбата против магнатите и капиталистите беше параван,
бидејќи пак беше насочена само кон Евреите - капиталисти. На секаков начин сакаше
да се докаже дека Евреите се најниска раса, што нема смисла за наука и уметност,
себична и несоцијална и затоа треба да биде предмет на презир и омраза.
Антисемитизмот се ширеше низ цела Европа и така тој продре и во Унгарија, Романија,
Бугарија, а Хитлер стана духовен водач на антисемитизмот во светот.
Годината 1939, кога почнува втората светска војна е значајна и по тоа што на
дневен ред се поставило еврејското прашање не само во Германија, туку и во други
земји освоени од неа. Доаѓањето на фашистите во Југославија и Македонија беше
судбоносно за сите Евреи без оглед на нивната материјална состојба, училишна
спрема, старост и пол. Многу Евреи биле собрани и принудени на присилна работа.
Во Македонија, задолжен за сите работи бил Теодор Данекер, германски
генерален конзул во Скопје. Тој бил и специјален пратеник за еврејското прашање
во германската амбасада во Софија, каде успеа да ги убеди бугарските власти
за депортација на Евреите
од Македонија, Положбата уште повеќе се влошила особено со доаѓањето на Бугарските
фашисти што ја презеле дејноста на германските соидејци. Во 1941 година највисоките
органи на окупаторските фашистички власти донесе многубројни нечовечни содржини
одлуки, прописи и цели закони за регулирање на тнр. „еврејско прашање“. Нивните
документи пишувани со цинизам, сурови параграфи и членови даваат најдобра слика
за ликот на фашистите и на нивната идеологија, што го делела човештвото, на
повисоки и пониски раси во преодредени господари и слуги. Први на удар биле
еврејските деца, младина и студенти. Министерството за просвета им забранувало
на сите училишта да ги запишуваат овие еврејски ученици, чии што презимиња завршувале
на „ов“, „ев“, „ски“ или „иќ“. Фашистите во Битола веднаш создале специјално
комесарство за еврејски прашања што се наоѓало под директна управа на злогласното
министерство за внатрешни работи. Тоа се грижело за спроведување на сите драстични
мерки предвидени за Евреите. Во следната 1942 година, обрачот околу Евреите
почнал да се стега. Секојдневно се ујпатуваат наредби и упатства во врска со
спроведување чисто антисемитски одлуки и закони. Многу службени писма давале
детални упатства во врска со тоа кој бил Евреин и како тоа да се утврди во сомнителни
случаи. Најмногу страдале Еврејските младинци кои не можеле да се запишат во
ниедно училиште а се водел и внимателен надзор на соработка на еврејската младина
со скоевците. Во текот на 1942 година на Евреите им било забрането да управуваат
со своите општини што претставува важен фактор во нивниот општествено социјален
и верски живот.
Им
било забрането на Евреите да држат пари при себе. Сите парични средства морале
да се дадат на чување во банките. За лични потреби кај себе можеле да држат
само 6 илјади лева, и тоа со специјална дозвола. На Евреите им било забрането
да го користат имотот што бил сопственост на општината и приходите што произлегувале
од истиот. Се ова било приклучено кон државниот фонд наречен „фонд на еврејските
општини“. Со ова ограбувањето било легализирано.
Имињата на новородените деца не смееле да ги стават родителите, туку тие биле
запишани во одреден список. Евреите не смееле да тргуваат со млекарство, живинарство,
брашнарство и др. Тие не можеле да имаат ни формална еднаквост со другите сограѓани,
бидејќи морале да ги носат и големите шестокраки жолти тнр. Давидови звезди.
Со ова, тие не можеле да влегуваат во македонски кафеани. Забрането им било
да живеат во станови со други луѓе, освен со Евреи, не можеле да ноќеваат во
хотели, да се хранат во јавни гостилници и друго.
Секоја еврејска куќа, на влезната врата морала да истакне дека во таа куќа живеат
Евреи. Ни еден Евреин не смеел да се оддалечува од градот, а не смеел да има
ни моторно возило, радио или телефон што за мнозинството од Евреите било и луксуз.
Забрането им било да се занимаваат со повеќе од еден занает, да отварат нови
дуќани, да располагаат со недвижен имот, да работат како државни или приватни
службеници. Евреите за време на 2 светска војна биле наполно стопански уништени,
со погорните мерки и живееле во страв и трепет. Со одлуката на министерството
било наредено на 2 март 1943 година да се одземе целокупниот имот, на оние Евреи
што ќе бидат иселени од земјата во корист на државата. Планот на целосно разграбување
на еврејскиот имот бил детално разработен, а вредностите на предметите уредно
класифицирани.
Димитар Цолев
страна
- 85
Иако Битолските Евреи долго време живееле изолирани во својата еврејска населба,
сепак во периодот на масовното надојдување на Македонското население во Битола,
дошло до поголемо приближување помеѓу нив. Уште во времето кога на битолското
подрачје се формирала и деливала Тајната македонска револуционерна организација
- ТМОРО ги повикувала сите жители, без разлика на вера и националност, да земат
учество во борбата за македонската автономија, добар дел од битолските Евреи
се вкључиле, во неа и ја помагале на различнин начини организацијата. Најчесто,
Евреи кој помагале на организацијата биле луѓе од Еснафот (Медонс, бакалот
Санто, самсарот Руфе и трговецот Ментеш, браќата Аврам
и Мушон, млекари, Санто Ароести, Перис син на Калешо, и
др.). Освен овие Евреи за кој се споменува Илија Алтипармаков уште многу
други Евреи помогнале на ослободителното движење.
Нејкрупна фигура
која зела учество во македонското ослободително движење секако е Рафаел Моше
Камхи, роден 1870 год. во видно трговско семејство.
Според запишаните
„Спомени“ од Рафаел Камхи, Даме Груев, Ѓорче Петров и Пере
Тошев успеале да формираат, под форма на хуманитарни цели, Здружение на
учители, а преку него да работат за реализација на програмата на организацијата.
Според еврејскиот
историчар Ели Ешкенази, Рафаел Камхи учествувал на конгресот на
Организацијата во Солун во 1896 год.
Рафаел Камхи
освен што активно учествувал во востанието и работата на Организацијата тој
воедно е и хроничар на своето време. Тој во своите „Спомени“ презентира интересни
настани од македонската историја (атентатот врз султанот Хамид 1896
год., аферата Мис стон 1901 год. и др.)