Музејски простор, Загреб 14.04-12.06 1988 год.
стр.- 17
Во
Стоби крај Велес е пронајдена е синагога од 4 век над остатоците од синагога
од 3 век..Синагогата во Стоби е една од најважните археолошки откритија за Евреите
во јужнословенските земји во времитео на антиката. Стоби во тоа време бил најголем
град во северна Македонија, сместен на устието на Црна река во реката Вардар,
на главниот трговски пат од Егејското море (Солун) према Сирмиум и северно и
североисточната граница на Римското царство. Со обзир да Евреите, присилени
од приликите во дијаспората, веќе уште тогаш биле упатувани на трговско звање.
Стоби после Солун (кој веќе од 140 г. п.н.е.постоела јака еврејска заедница)
била прва станица према северот. Тоа е потврдено во 1931 год. со археолошкиот
наод „Полихарамовиот столб“
на кој е испишан текст со грчки букви:
„(Ja Klaudije) Тиберије Полихармо, наречен Ахирије, татко на стобијевата
синагога (заедница, скупштина), кој сум ги извршувал сите верски должности почесно
према заветот свој, а за еврејски обичаи подигнав зданија, дворана со трем на
сите четири страни никогаш воопшто не додирнувајќи ги општинските пари. Затоа
јас Клаудиј Тибериј Полихармо го задржувам правото на сопственост на одаите
на катот за себе и своите и сите оние кои со мене живееле. Ако било кој на тоа
нешто менува, има да плати 250 000 денари како тоа што сме го договориле. Набавката
на ќерамидите за кров и одржување ќе го вршиме јас и моите наследници.“
Така повејќе нема дилема да подниот мозаик со еврејски обележја и потпорни делови
откриени на 1,5 метра под христијанската базилика од 5 век припаѓа на Полихармовата
синагога од 4 век, под која се наоѓаат остатоци од од синагогата од 3 век. Титула
„татко на синагогата“, односно „татко на заедницата“, во тоа време припаѓала
на водачот на еврејската општина, што значи натписот на Полихармовиот столб
потврдува постоење на организирана еврејска заедница околу синагогата во Стоби
во 3 и 4 век. 