Народно Ослободителна Борба

СЕФАРДСКИ ОДГЛАСИ
Студии и сеќавања за Евреите од Македонија
Скопје, 1995

УЧЕСТВО НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНОТО ДВИЖЕЊЕ И РЕВОЛУЦИЈА

Жамила Колономос

Народноослободителното движење во 1941 и 1942 година и Учеството на Евреитестр. 102

Окупацијата на Македонија од страна на фашистичка Германија и Бугарија навести нови тешки денови. И македонскиот народ и народностите во македонија се најдоа во тешка положба. Фашистичка Бугарија, покрај сите усилби да се претстави како ослободител, за кратко време го покажа своето вистинско окупаторско лице. Ако и постоеја кај поединци илузии за некаква ослободителна улога на Бугарија, тие беа бргу разбиени пред нејзиниот суров режим на репресалии, денационализација, реквизиција, варварски грабеж и експлоатација на народот и земјата. На македонскиот народ и на народностите во Македонија им стана јаснао дека нивната судбина е тешко загрозена.
Во долгогодишната борба за својата егзистенција, македонскиот народ дојде до сознание дека националаното и социјалното ослободување може да се оствари во единство на редовите на работничката класа, селанството и интелегенцијата. Комунистичката партија на Југославија, заземајќи јасен став за националното прашање уште во годините пред војната, својата борба за национална слобода и социјален прогрес непосредно ја поврза со слободољубивите стремежи на сите народи на Југославија, односно и на македонскиот народ. Затоа беше природно во текот на Народноослободителната војна македонсксиот народ вооружената борба за својот опстанок, за националниот идентитет и за својата подобра иднина да ја здружи со борбата на другите народи на Југославија.
Во почетокот на 1941 година Комунистичката партија на Југославија, со свои прогласи и повици, се обрати до сите народи и народности како рамноправни граѓани да се вклучат во единствениот антифашистички фронт за борба против окупаторот и за ослободување на земјата. Тие прогласи му даваа охрабрување и надеж и на еврејското население, така што од него беа масовно прифатени. Во цела Македонија се прифаќаше курсот за вооружено востание против фашистичката окупација и се разви голема активност за организирање масовно народно востание и формирање партизанските одреди како јадра на воена вооружена сила.
Еврејската младина уште во првите денови на германската и бугарската фашистичка окупација јасно се определи за борба против фашизмот, зашто во таа борба го гледаше единствениот излез за спасување на голиот живот.
Еврејската младина посебно се истакна во многу активности на НОБ од 1941-1945 година. Еврејските заедници од Битола, Скопје и Штип даде виден придонес во таа борба.
Во борбата против фашизмот дејствуваа и лица од еврејско потекло пред 1941 година. Познат комунист и борец за работнички права, член на КП на Мексико Рафаел Батино (илегално име Мишо Цветковиќ), се враќа во родниот град Битола во 1934 година. Набргу се вработува во Скопје и во 1935
година учествува во штрајковите на Урсовите синдикати. Во јуни 1936 година во Скопје, заедно со Мино Миновски, Живко Ивановски, Васил Антевски, учествува во формирањето на партиски ќелии. Меѓутоа, на 15 септември е откриена таа активност од полицијата и е осуден на 5 години робија. Во затворот во Сремска Митровица учествува во разни активности за подобрување на условите на затворениците. Заради тоа неколку пати е изведен пред суд и му е продолжена казната. Често мачен и претепуван, му ја повредуваат ногата, и поради тоа е слабо подвижен. Во затворот, заедно со Моша Пијаде и други искусни револуционери, станува, професор на Црвениот универзитет". Учествува и во преведувањето на "Капиталот" од К. Маркс и прави обид за пишување на граматика на македонски јазик. Во 1941 година успева да побегне од затворот со група политички затвореници и се приклучува во Посавскиот одред. Централниот комитет на КПЈ на Србија го праќа во Нова Варош, а подоцна станува секретар на Обласниот комитет на Санџак. Во јули 1942 година, е предаден и е фатен од четничките банди, и е предаден на италијанските фашисти го стрелаат со група партизани во Вучја Клека.
Сарина Песо во септември 1939 година, поради својата активност, е затворен со група скоевски раководители. Во 1940 година е член на Меснсиот комитет на КПЈ во Битола. Членови на КПЈ во 1940 година се: Пепо Камхи, Исак Сарфати и Елијао Барух. Тие истовремено се и раководители на еврејската младинска организација "Хашомер Хацаир", освен Исак Сарфати.
Во 1941 година од Белград се враќа во Битола Давид Садикарио, член на КПЈ од 1939 година, а Хаим Садикарио, битолчанец, член на КПЈ од 1939 година, активен учесник во работничкото движење во Белград, станува борец во Посавскиот одред во Србија. Ѓорѓи Блаер, дентист од Скопје, член на КПЈ од1937 година и истакнат синдикален работник, од 1941 година е учесник во НОБ во Скопје. Исак Сион од Штип во 1939 година учествува во акциите на напредните банкарски службеници во Љубљана, а во 1940 година станува член на КПЈ. Во 1941 година се враќа во Штип и веднаш стапува во НОД.
Во мај 1941 година се одржува советување на ЦК КПЈ, на кое се проучува положбата на Југославија под четворна фашистичка окупација (германска, италијанска, унгарска и бугарска). Се разгледуваат условите за оружена борба против окупаторите. На советувањето КПЈ решително застана против секакво ширење омраза меѓу народите и народностите и како една од основни задачи го постави: братството и единството.
Во Југославија уште во мај 1941 година се собираше оружје, наменето за идните борци и партизански одреди. Истиот месец дел од еврејската младина беше собрана во градската општина на Битола и од страна на германската команда однесена на принудна работа. Таа пренесуваше воен материјал од воените складишта на бившата Југословенска војска во месноста "Тумбе-кафе" до железничката станица. Повеќе денови непрекинато работеше. Еврејските младинци договорено фрлаа во џбуновите и траповите пакети оружје и муниција со мисла тие да се користат за потребите на Народноослободителното движење. Подоцна еврејската младина од Македонија беше испратена на принудна работа во Бугарија и во околината на Скопје.
Меснсиот комитет во Битола во мај 1941 година се состана и реши веднаш да започне со демаскирање на окупаторската политика во Македонија, даде упатства да не се влегува во органите на власта и да се крие оружјето и муницијата. Беа собрани околу стотина пушки, некои купени илегално, а дел поправени во механичката работилница на Бено Русо.
На крајот на јули 1941 година беше растурен летокот на КПЈ со кој се повикуваат Македонците и сите народности масовно да излезат на прославата на Илинденското востание и да демонстрираат против поробувачите на Македонија. На 2 авгтуст во Скопје и Битола излегоа на улиците голем број граѓани, групи студенти, работници, комунисти, скоевци и симпатизери на НОД да демонстрираат. На 1 и 2 август полицијата затвори околу 10 души во Скопје, исто и во Битола. За првпат на тие демонстрации во Битола се исфрли паролата "Да живее слободна Македонија". Во тие демонстрации учествуваа и Евреи, коишто поединечно и спонтано се вклучуваа во поворката.
Илинденските демонстрации јасно покажаа дека македонскиот народ и народностите ги сметаат Бугарите за окупатори, а не "ослободители" – како што тие се нарекуваа. Набргу се случија и првите атаци врз личната слобода: апсења, интернации и др. На 7 август 1941 година скопскиот полициски началник издава наредба за начинот како ќе се испраќаат лица на принудна работа и интернација. И тоа во пооддалечени места.
За незадоволството на народите и народностите во Македонија непосредно по окупацијата известува и воениот аташе на НДХ во Софија Адам Петровиќ на 21 октомври 1941 година, кој буквално пишува: … внатрешните прилики на делот на Македонија што и припадна на Бугарија доста се нејасни. Изразитите Македонци покажуваат извесно незадоволство спрема новиот режим во Бугарија… Трговците Срби и Евреи мораат во рок од 3 месеци да ги распродадат и ликвидираат своите дуќани, а потоа ќе се оди на тоа Србите да се иселат од Бугарија.. По се изгледа дека во бугарска Македонија постои јака струја за ослободување и создавање на самостојна Македонија…
Повеќе од зачуваните документи од времето на НОВ зборуваат за напорите и успесите на КПЈ, народот на Македонија и народностите да се придобијат за борба против окупаторите ПК КПЈ за Македонија, покрај многуте објективни тешкотии, успеваше да ги мобилизира широките народни маси, а преку разни прогласи, написи, упатства, како и преку илегалниот печат, овозможуваше да се согледаат вистинските цели на востанието. Во сите документи посебен акцент им е даден на народносите, со обраќање до работниците, младината и жените.
Прогласите и написите, што особено во 1942 година беа бројни, имаа посебно влијание врз еврејското население. Вредно е да се одбележат некои од нив како потврда на една правилна и цврста политика на народноослободителното движење спрема народностите во условите кога беснееше фашизмот во светот и кај нас. Како резултат на таквата политика, се создаде меѓу тие угнетувани и понижувани маси неограничена доверба кон Народноослободителната борба со што катадневно се зголемуваше нивното вклучување во неа. Оттука и самопрегорната работа на Евреите комунисти, скоевци и други припадници на Народноослободителното движење.
Прогласот на ПК КПЈ за Македонија од февруари 1942 година се обраќа и до Евреите со следните зборови:… "Повечку од Македонсксиот народ вие сте угнетени од новите поробители. Пред сите нам ви се зема правото на работа, вие не се сметате за луѓе, а како долни… Штом дојдоа фашистичките окупатори почнаа вас да ве гонат како никојпат досега. Вас, ограбени и упропастени, почнаа да ве праќаат сургон и на сигурна смрт… Сите вие, Турци, слободољубиви Арнаути, Власи, Евреи со братска слога… Заедно со македонскиот народ… исфрлете го јаремот на фашистичкото ропство од вашата општа татковина Македонија…"
Во Билтенот на ПК КПЈ за Македонија во текот на 1942 година се објавени повеќе написи со кои партиското раководство им се обраќа на сите народности, укажувајќи им на сите неправди и терор што спрема нив специјално ги спроведуваат фашистичките окупатори.
Во еден од нив пишува: "Евреи, Турци, Арнаути, Власи, Грци, Срби и др. Се сметаат како долен народ и им се забранува да живеат како луѓе. Евреите можат да купуваат храна по другите жители. Ако се земе предвид и тоа дека не остана храна со која може да се снабди населението, ќе се види како Евреите се изложуваат на смрт со глад, само затоа што се Евреи… Македонија е доволно богата да ги израни сите без разлика на вера и раса…" Овој напис е во вреќа со Наредбата на Министерскиот совет на Бугарија од 26 август 1942 година, чл. 19, со која на Евреите им е забрането посетување на продавниците и пазарите порано од 10 часот претпладне во сите денови.
Прогласот на Окружниот комитет на КПЈ во Битола од јули 1942 година се обраќа со следните зборови: "Браќа Македонци, Турци, Власи, Евреи и Арнаути, влегувајте во народните партизански одреди за да се побргу разгори борбата до востание, кое денес единствено може да не куртули од ропство…
За народностите од особен интерес беа прогласите што ПК КПЈ за Македонија ги издаде за Први мај 1942 година, Меѓународниот ден на работничката класа – кој во условите на војната прерасна во ден на солидарност на сите поробени народи.
Во септември 1942 година, Покраинскиот комитет издава материјал за масовна политичка работа, во кој ја подвлекува незавидната положба и на народностите: "Националните малцинства се подложени на гадна расистичка политика, на уште поголема експлоатација и бес…Тој, фашистичкиот терор си најдува жртви меѓу комунистите, работничката класа, антифашистите, младината, малцинството од "непроисход" седен збор во целиот народ… Теророт се вршеше над целиот народ и тој се огледаше во безброј терористички дела на окупаторите извршени над народните борци или над масите кога се бореа и си го сакаа правото, кога не ги исполнувале фашистичките наредби против народите. Беа виновни затоа што се родени како Евреи или Власи.
И покрај перфидната и сурова денационализаторска и расистичка политика, окупаторот не успева да ги изолира масите од народностите. Напротив, припадниците на народностите се присутни во сите раководни тела. Тие се, исто така, присутни во сите органи на борбата и на народната власт, како и во партизанските одреди и воените единици на НОВ и ПОМ.
Кон средината на 1941 година меѓу еврејското население активно се дејствува за формирање на партиски ќелии, скоевски и симпатизерски групи, групи на жени и пододбор за народна помош. Сите обиди за пасивизирање на Партијата и на СКОЈ во нивниот активен отпор против окупаторите до формирањето на новото раководство на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија беа безуспешни и не навлегоа во еврејските организирани сили.
Во 1941 и 1942 година дејствуваат како членови на КПЈ следните лица, Евреи од Битола, Исак Сарфати, Сарина песо, Елијао Барух, Пепо Камхи, Бено Русо, Марсел Демајо, Симо Калдерон, Аврам Садикарио, Мориц Шами, Мирјам Попадиќ, Виктор Пардо, Роза Камхи, Мики Алба, Соломон Садикарио, Виктор Мешулам, Мурдо Тодолану, Мордехај Нахмијас, Овадија Естреја, Жамила Колономос, Адела Фараџи, Пепо Хасон, Берто Русо, Стела Камхи, Арон Теста, Арон Аруести, Жак Сион, Габи Нахмијас.
Од Штип како членови на КПЈ во 1941-1942 година дејствуваа: Исак Сион, Пепо Леви и Хаим Леви.
Од Скопје членови на КПЈ во 1941-1942 година се: Ѓорѓи Блаер, Елазар Шалом, Давид член на КП во рудникот "Радуша", Џек – член на МК СКОЈ, Јосип Сигмунд Грос, инженер во Железницата – Скопје и др . Имаше и други членови на КПЈ, но, за жал, нема живи сведоци Евреи коишто би ги дале имињата. Тоа многу попречи за пореално одбележување на учеството на Народноослободителното движење на Евреите од Скопје. Секој член на КПЈ раководеше со повеќе скоевци, кандидатски и симпатизерски групи и групи на жени или младинки, или поединци.
Заедничкото членство во партиските ќелии и во комитетите на Македонци и Евреи им овозможуваше подиректен увид на расположението на еврејските маси и увид во можностите за активирање и вклучување на еврејската младина во тековите на борбата што ја трасираше КПЈ во македонија. Во сите состави на Меснсиот комитет во Битола од 1940 до 1943 година имаше членови од еврејското потекло, и тоа: во 1940 година Сарина Песо, во 1941 година Исак Сарфати (во МК КПЈ) и Бено Русо (во МК СКОЈ): во 1942 година Исак Сарфати (член на Окружниот комитет и на МК КПЈ) и Адела Фараџи (во МК
СКОЈ) во Штип во 1942 година Исак Сион (во МК КПЈ), а во Скопје младинецот Џеки (во МК СКОЈ).
Се настојуваше да се опфати што повеќе работничка и училишна младина. Во Битола Нисам Алби, Симо Калдерон и Марсел Демајо раководеа со по три скоевски групи работници составени од три до четири члена, а Аврам Садикарио раководеше со партиска ќелија и две скоевски групи.
Во скоевската група чиј секретар е Ѓоко Тапанџиоски се наоѓаат и скоевците Албер Аруести и Натан Хасон. Во битолската гимназија, каде што имаше повеќе скоевци Евреи, за петтите класови се одговорни Берто Касорла и Нато Хасон, а за седмите класови Ели Леви, Драга Чаловска и Роза Камхи раководат по неколку скоевски групи Еврејки, Жамила Колономос раководи три скоевски групи со 14 члена, 1 воспитна група од 5 члена и кандидатска група од 4 жени, Мориц Шами раководи неколку скоевски групи, а Томе Димитриевски раководи партиска ќелија со членови Евреи. Најден е и список на учесници во НОВ во 1942 година во кој, поради оштетеноста на документот, можат да се прочитаат само следните имиња: Ѓоко Беакар, Мурдо-шивач, Даби Калдерон, Салво Коен, Саламон Садикарио, Ѓоко Калдерон, Исак Фараџи, Шарло Исак, Исак 1, Исак 2, Анрико Израел, Израел Изо, Ишах Исак, Хазан Ѓоко, Карсорла Аврам, Давико-шивач, Моис-шивач, Шарло Шами, Саламон Коен и др.
Опфатени во скоевски групи беа и: Жак Коен, Мати Русо Алберт Русо, Мурдо Коен 1, Мурдо Коен 2, Естер Арути, Викторија Камхи, Лина Калдерон, Алберт Алба, Саломон Коен, Виктор Камхи, Саламон Мешулам, Мато Хасон, Елико Леви, Виктор Мешулам, Пепо Песо, Шарло Шами, Анрико Русо, Анрико Русо, Анрико Албахари, Алберт Леви, Ментеш Ишах, Нисам Албахар, Мориц Романо, Бато Анаф, Самуел Калдерон, Фана Сион, Шели Коен, Солчи Касорла, Луна Ишах, Стела Леви, Алегра Шами, Алегра Нахмијас, Нина Леви и др.
Во зборникот на документи "Жените од Македонија во НОБ и револуцијата 1941-1945 година" се наведуваат 60 биографии на жени и младинки Еврејќи, членови на КПЈ и СКОЈ и учеснички во Народноослободителното движење.
Треба да се одбележи дека по окупацијата на Македонија со разни прописи се оневозможуваше нормално школување на голем број ученици од еврејско потекло. Ограничениот број на запишани ученици беа ставени под посебен режим, а голем број ученици останаа на улица. Родителите, загрижени за иднината на децата, решија да ги оспособат за некаков занает. Така, голем број ученици станаа работници. Никнаа голем број чевларски работилници, коишто набргу станаа жаришта за организирана работа за НОВ, за работа на СКОЈ, одржување на илегални состаноци, пренесување на пораки, растурање летоци, престој на илегалци, собирање материјали за народна помош и друго. Чевларските и други работилници беа свратилиште на младите и туака се одвиваше посебен живот во тешките окупаторски денови. Учениците од еврејско потекло што успеаја да останат во Гимназијата и во Трговската академија речиси сите беа поврзани во тамошните скоевски организации.
Во Битола над 30 членови на КПЈ, над 150 скоевци и над 650 учесници во Народноослободителното движење беа Евреи, коишто организирано работеа врз собирање на народна помош, пари, текстил, волна, кожи, храна, хартија, санитетски материјал и други потреби за Народноослободителното движење, така што речиси немаше семејство од кое некој од членовите не беше на некаков начин опфатен со организирана борба против окупаторот. И покрај тоа што Евреите се наоѓаа во исклучително тешка материјална и правна положба, разни облици на отпор спрема окупаторот мигновено се ѓиреа во еврејските населби. Особено младите се чуствуваа горди што и тие со нешто придонесуваат за заедничката борба. Настана еден вид натпревар: кој ќе опфати поголем број младинци во групите, кој ќе собере повеќе народна помош. Тие мигови на среќа дека се учесници во едно праведно војување, дека и тие учествуваат и се дел на успесите и неуспесите на НОБ, им даваше сили да истраат во извонредно тешката положба.
За активирањето на еврејското население во Битола треба да се истакне улогата на народниот херој Стеван Наумов-Стив, секретар на МК КПЈ-Битола. Познавајќи ја многу добро еврејската младина: работниците, студентите и учениците, меѓу кои непрекинато се движеше пред и по преминувањето во илегалство, тој директно учествувааше во нејзиното организирање и насочување. На еден од состаноците на МК КПЈ Орде Чопела, член на МК, изјави дека еврејскиот пододбор за народна помош, во состав: Мориц Шами, Леон Ишах, Перец Русо, Леон Франко и Дарио Аруести, е еден од најактивните и дека тој собира две третини од материјалните средства што ги собира организацијата на Народноослободителното движење
на градот.
Со посебно ангажирање на Исак Сарфати, Моис Мосер, Леон Ишах и други, се успева од околу стотина поимотни граѓани Евреи да се добие редовна парична помош, а некои од нив секој месец даваа по 1.000 лева. Беше редовна појава младите да ги "поткрадуваат" своите родители, а тие да се преправаат како да не го забележуваат тоа, знаејќи дека тие средства одат во фондот "Народна помош". Преку Мориц Шами, Рашела Леви и Алегра Нахмијас беа обезбедени над 200 златни наполеони и други парични средства. Членовите на КПЈ и СКОЈ организираа неколку собирни акции на пари од целото еврејско население за помош на сиромашните семејства и од тие средства голем дел се издвојуваа за фондот "Народна помош". За одбележување е и собирањето на големи количини брашно, шеќер, ориз, грав, кашкавал и др. Гога Георгиевски, член на КПЈ- Битола, наведува дека кон крајот на 1942 година биле сошиени 60 облеки за партизаните од штофови добиени од трговци Евреи. Поголема количина хартија за печатење на илегален материјал беше предал Санто Аруести.
Собирањето помош, изработувањето џемпери, чорапи, ракавици, капи, фишеклии, ранци, кошули, чевли и др. Беше една од важните задачи на скоевските, воспитни групи и групите на жени – симпатизерки на НОБ, што успешно се извршуваше. Се појави проблемот за складирање, односно чување на сите собрани материјали. За таа цел служеа куќите на Исак Сарфати, Мориц Шами, Пепо Хасон, Давид Калдерон, Адела Фараџи, Роза Камхи, Бено Русо, Леон Камхи, Исак Израел, Соломон Касорла и др.
Голема грижа и обврска на членовите на КПЈ и на скоевците беше чувањето, негувањето и исхраната на илегалците што престојуваа во Битола, што во тоа време беше мошне тешко и рискантно. Во еврејските куќи голем број илегалци и партизани најдоа добро и сигурно засолниште. Така, во станот на Мурдо Нахмијас – Лазо илегално живееја народните херои: Стеван Наумов – Стив, Вера Ацева, Пецо Божиновски (како ранет партизан) и Вера Циривири. Кај Адела Фараџи беа илегалците: Ванчо Прке (народен херој), Димче Милевски – Добри и Анка Обучина (цел месец). Кај Пепо Хасон беа илегалците: Стеван Наумов, Вера Ацева и Бено Русо. Кај Самуел Калдерон илегално живееше Стеван Наумов. Кај Роза Камхи преседуваа илегално: Вера Ацева, Вера Циривири, Мурдо Тодолану (како партизан), Кирил Крстевски- Платник, Кирков и Страхил Бегинов. Во чевларската работилница на Габи се криеја како партизани: Вангел Нечевски и Мурдо Тодолану – Спиро. Кај Бено Русо илегално престојуваа: Вера Ацева и Стеван Наумов. Во дуќанот на Исак Израел, кројач, престојуваа повеќе илегалци. Исто така, илегално престојуваа повеќе лица кај Леон Камхи и Соломон Карсорла, брашнар.
Илегално се одржуваа повеќе курсеви за прва помош од страна на лекарките Еврејќи Мирјам Попадиќ и Хелена Ишак, коишто имаа голем успех меѓу женската младина.
Во текот на 1942 година повеќе месеци партиската печатница беше сместена и функционираше кај Пепо Хасон, учесник во НОВ од 1941 година.
Членови на КПЈ и СКОЈ и симпатизери на НОВ овозможуваа одржување на илегални состаноци на месните комитети, партиските ќелии и активисти на Народноослободителното движење во еврејскиот дел од градот. Илегални состаноци се одржаа во становите на Мурдо Нахмијас, Бено Русо, Роза Камхи, Пепо Хасон, Адела Фараџи, Жамила Колономос, Виктор Пардо, Стела Камхи, Мориц Шами, Рика Садикарио, Симо Калдерон, Давид Калдерон, Исак Израел, Нисим Алба, Естреја Леви и други.
Поради густа населеност на еврејскиот дел на градот, по улиците беше мошне живо, но сепак веднаш се дознаваше ако некој агент, полицаец или странско сомнително лице се движи во населабата и веднаш се даваа уговорени сигнали. За организираните Евреи беше полесно да се држат кај нив состаноците одошто да се префрлуваат во другиот дел на градот, поради разни забрани за движење надвор од гетото, носење на жолта Давидова ѕвезда и посебниот полициски режим за Евреите.
Во издадената наредба на скопскиот областен полициски началник Симеонов, од 2 октомври 1941 година, во точка бр. 3 се вели: … Сите цивили и униформирани полицајци треба да приврзат кон себе и да зборуваат тајни соработници, како од средината на оние што во власта имаат доверба така и меѓу сомнителните лица… Полицијата настојуваше да организира што повеќе тајни соработници, главно од големобугарските средини кои ја помагаа власта со доставување на разни информации.
По илинденските демонстрации, битолската полиција го фати и претепа студентот Исак Леви со цел да го заврбува да работи за окупаторот, но во тоа не успеа. Имаше уште неколку безуспешни обиди на бугарската полиција со затварањето на студентот Герон Израел и работникот Соломон Нахмијас и други, тоа го потврдува и летокот на Битолската партиска организација, кој во еден дел вели: … "Секој поробувач бараше шпиони и доставувачи и ги наоѓаше. Меѓутоа, Евреин никогаш не стана поткажувач, Евреин не беше никогаш шпион. Народ кој не даде шпиони и не одгледа поткажувачи, заслужува и почитување на секој чесен човек, Еврејскиот народ го заслужува и нашето почитување и нашата љубов…
Партиската и Скоевската организација меѓу Евреите во Битола беше запазена од провали и големи апсења на бугарскиот окупатор во 1942 година. Единствена група на членови на КПЈ и СКОЈ што паднаа во рацете на бугарската полиција беше во априлската провала во 1942 година. Беа затворени, мачени и осудени на казни строг затвор следните другари: Виктор Пардо, Мориц Шами, Мориц Романо, Бато Анаф и Ели Фараџи. Доброто држење пред полицијата на затворените другари не ја прошири провалата меѓу Евреите и партиската организација на градот, што овозможи зачувување на кадрите и континуирана работа на Народноослободителното движење. Под сомневање дека е член на КПЈ беше затворен и Бено Русо, но по 20 дена е пуштен поради немање докази. Беа затворени и работниците Соломон Нахмијас и Нисим Сарфати, исто така пуштени поради немање докази. Во 1943 година беше фатена и затворена Роза Камхи, одејќи во партизани, и осудена на строг затвор од скопскиот прек суд.
Тешките окупаторски услови не попречија и во Скопје работничката и средношколската младина уште во почетокот на 1941 година да биде активно вклучена во работата на Народноослободителното движење. Во трудот за Народноослободителното движење во Скопје Славка Фиданова пишува:…" Паѓа в очи пробивот на Народноослободителното движење во редовите на еврејската народност во Скопје. Освен тоа што од редовите на еврејската народност имаше членови на КПЈ, скоевци-членови на просветни и воспитни групи, беа формирани и активи за жени. Голем беше бројот на симпатизери, којшто, иако располагаа со скромни средства, даваа народна помош за потребите на Народноослободителното движење. Иако под постојана присмотра на полицијата, тие беа секогаш готови во своите станови да примат илегалци другари или да ги отстапат становите за одржување на илегални состаноци. Училишната младина беше организирана во мешани групи заедно со Македонците, а во територијаланите скоевски групи беа одвоени така што во Еврејското маало имаше 2 групи со 9 члена.."
Најголем број младинци беа опфатени во 1 и 2 машка гимназија, Женската гимназија и Трговската академија. Покрај други активности, често пати доаѓаа во судир со младинци – членови на фашистичките организации "Браник". "Отец Паисиј" и др. На скоевската група од 2 клас секретар и беше Бранко Фрицханд, а имаше и скоевски групи во кои членуваа само Евреи. Во една од нив членуваа Сара Сервеја, Сарина Бахар, Исидора Алтрас, Злата Фрицханд, Арон БаХАР, Моис Махар и Сами Мизрахи. Во други две скоевски групи дејствуваа: Милка Коен, Хаим Талви, Нино Мароко, Јоле Рубен, Јошко Фринци и др. Некои од овие скоевци беа дојдени од Белград и се наоѓаа во строга илегалност. Во разни организирани форми на НОБ активно учествуваа и Хаим Сентов и Асео Мануел, Жак Нусбаум, Хана Меламед, Ирма Кастро, Викторија Бахар, Аврам Бахар и Биљо Мизрахи (Цаиф), Есперанса Талви, Елмо Коен, Рита Коен, Моис Сасон и др. Една група во Еврејсксото маало ја води Ѓорѓи Блаер. Во партиската ќелија на графичките работници, што беше формирана во 1940 и дејствуваше до 1942 година, беа примени 9 члена, меѓу кои беше и Шалом Елазар, графички работник Евреин.
Ѓорѓи Блаер, дентист, е еден од најактивните Евреи во Народноослободителното движење во Скопје. Има посебна улога во организирањето лекување на илегалци и партизани. Неговата забна ординација уште од 1944 година служеше за добивање разновидна здравствена помош на голем број илегалци, а и за пренесување разни тајни пораки. Тој набавуваше лажни лични карти, собираше лекови,оружје, одржуваше врска со партизансксиот одред во с. Штрабац на Косово и др. Значајна улога имаа и во организирање на бегството на политичките затвореници од затворот Идризово во Скопје на 28 август 1941 година, со учество на 3 македонска ударна бригада.
Во Скопје дејствуваше злогласнсиот агент на обласната полициска управа Мане Мачков, МК КПЈ на Скопје во август 1942 година формира диверзантска група во состав: Ангеле Михајловски, Кочо Битолјану, Трпе Јаковлевски и Бранко Фрицханд. По успешниот атентат, бугарската полиција ја откри активноста на членството на КПЈ и на СКОЈ и голем број беа затворени Бранко Фрицханд беше осуден на 15 години затвор како малолетен.
Еврејските куќи на Сара Сервида, Арон Бехар, Ѓоко Блаер и други служеа како магацини за складирање на материјалите од "Народна помош". Од свои средства Евреите успеаја да купат еден пушкомитролез, што го предадоа за потребите на НОБ.
Лена Блаер носеше храна и лекови на осудени другари во скопскиот затвор. Арон Сури, аптекар, заедно со други симпатизери, на "Народна помош" и предаде големи количини санитетски материјал: завои, памук, јод, шприцеви, разни таблети и други. Хаим Коен "Хабиш", учесник во Народноослободителното движење од 1941 година, во јули 1941 година учествува во Првиот врњачки одред. Поради болест, подоцна е префрлен на илегална работа во Гњилане и Дечани. Во јануари 1942 година од Белград во Скопје дојдоа повеќе Евреи – скоевци. Нивното доаѓање ја зголеми активноста меѓу нивните сонародници. Покрај парична и друга помош, тие беа собрале златници и накит, што беа претворени во пари и испратени каде што треба преку илегални канали.

Како илегалци, во еврејски куќи беа засолнети Коле Чашуле, Веселинка Малинска, Славка Фиданова и членови на Покраинското раководство, меѓу кои и Бане Андреев. Од страна на МК КПЈ во Скопје, на посебни состаноци одржани со десетина членови на КПЈ и СКОЈ во Еврејското маало, членовите беа предупредувани да бидат крајно претпазливи, да се чека "уште", да не се "предизвикува" окупаторот, особено по воведувањето на вонредни мерки спрема Евреите (носење на жолти ѕвезди, полициски час и др.) Тоа не влијаеше на активноста на еврејската младина. Кон крајот на февруари 1943 година се подготви група од 17 младинци Евреи да одат во партизани. Тие на Скопска Црна Гора чекаа на врска неколку дена. Меѓутоа, партизанскиот курир што требаше да ги одведе до одредот, поради непрецизно определување на местото не стигна на време и групата, по неколку дена чекање, се врати во градот. Тие беа депортирани.
Во Штип, иако еврејската заедница беше значително помала, во НОВ се вклучи уште во првите денови на востанието. Иако мошне сиромашна, даде значајни материјални средства за Народниот фронт. Во првите месеци во 1942 година Васил Доганџиски, секретар на МК КПЈ во Штип, ја раководи партиската воспитна група во која членуваат Исак Леви, Аврам Сион и Моис Сион. Групата подоцна ја раководи ИсакмСион. Секој од нив раководеше секоевски групи од по 4-6 члена. Хаим Леви раководеше две скоевски групи од вкупно 12 члена, а Пепо Леви една од 5 члена. Меѓу Евреите во Штип беа опфатени во организацијата на Народноослободителното движење 36 лица од кои се наведуваат следните лица учесници во НОД: Менахем Сабетај Ната, приучен шивачки работник без постојана работа. Матилда Барух Сион, свршена матурантка и волонтер во аптеката на Балванлиски. Пинхас Мордехај Бонано, кој се врати со група Македонци од заробеништво од Германија, Адела Лелебон Леви, домаќинка, Исак Санто Леви, чевларски работник, Пава Хаим Леви, ученичка, Бесале Хаим Леви, келнер, Жули Мордо Јакар, домаќинка, Моис Хаим Леви, ученик, Пепо Мордо Јакар, трговец, Пепо Челебон Леви, младинец, Бирја Мордехај Бонано, трговски помошник. Самуел Јаков Коен, матурант, Исак Моис Леви, работник во аптеката на Тодор Христов, Хаим Давид Бонано, кројачки работник. Анри Давид Сион, трговски помошник, Давид Хаим Леви, шивачки работник, Барух Моис Леви, чевларски чирак, Вуитал Мушон Сион кројачки калфа, Бирја Мушон Сион трговски работник, Давид Самуел Сион, работник, Давид Мушон Сион, шивачки работник Акберт Исак Леви, ученик, Исак Давид Сион, чевларски калфа, Пепо Јаков Коен, ученик, Барух Давид Сион, работник и други. Сите овие беа опфатени во групи и вршеа големо влијание врз еврејските маси, објаснувајќи ја
потребата од подготовки за вооружена борба против окупаторот. Народната помош собрана од овие активисти беше значителна по своите ефекти и придонесе за јакнење на материјалната база на Народноослободителното движење во Штип. Истовремено претставуваше видна манифестација на солидарноста и на единствените стремежи на македонскиот народ и народностите во Штип.
Во октомври 1942 година Хаим Јуда Леви, член на КП, беше провален и затворен во скопскиот затвор. По судењето со група учесници во НОБ од Македонија беше префрлен во логор во с. Јени (Грција); каде што затече 1.200 политички затвореници. Тој успеа да побегне од логорот во Бугарија, каде што се поврзува и учествува во Народноослободителното движење. Крајот на војната во 1945 година го затекнува на должноста началник на персоналното одделение на штипската воена област.
На 11 март, кога ги носеа Евреите од Штип за Скопје, единствено Исак Сион, член на МК КПЈ, успеа да побегне од колоната и да се засолни кај Фируз Демир. По неколку дена од депортацијата на Евреите од Македонија во Скопје, Васил Златев, член на МК КПЈ-Штип, беше испратен како курир во Скопје. Тој успеа да се доближи до Државниот монопол, каде што беше организиран логор и собрани сите Евреи. Дојде во врска со Пепо Леви, кој каде оипис на повеќе куќи на организираните Евреи коишто оставиле закопано злато и накит со порака тоа да се даде за "Народна помош". Исак Сион со неколку ударни групи од градот успеа на пет места да пронајде пет тегли со златници и накит, коишто му беа предадени на Месниот комитет на КПЈ – Штип. Тоа беше и последниот прилог на храбрите партијци и скоевци Евреи од Штип, коишто го завршија својот младешки живот во логорот на смртта Треблинка. Младинците Витал Самуел Сион и Исак Хаим Леви од 1943 година се вклучија во НОБ во Далмација. Леон Капуано беше во разни логори под италијанска окупација, а престојуваше и во Швајцарија, и соработуваше во полза на НОБ на Југославија. Единствени сведоци за положбата на еврејската заедница во Штип во 1941-1943 година коишто ја преживееја катастрофата се Исак Сион и Хаим Леви. Тие до крајот на Втората светска војна се активни учесници во НОБ.

Првите партизански одреди и учеството на Евреите во НОБ стр. 117

Востанието против фашистичките окупатори во Македонија се одвиваше во специфични и мошне тешки услови. Имајќи ја предвид географската местоположба на Македонија и посебно стратешкиот карактер на долината на Вардар, Италија и големоалбанските фашисти, а посебно Бугарија, концентрираа во македонија големи окупаторски војски. Паралелно со нив се наоѓаа и постојани низ Македонија се дви/еа значителни оперативни сили на германската фашистичка армија. Концентрацијата на тие воени сили на големи полициски формации имаше за цел уште во зародиш да го скрши секој отпор на македонскиот народ против окупаторот. Но, таа мошне тешка состојба не го запре Народноослободителното двиење на востанието и во организирање на вооружената борба против окупаторите.
Настан од особено значење е формирањето на Првиот битолски партизански одред "Пелистер" на 22 април 1942 година на Пелистер. Покрај политичката активност, во текот на месец мај, одредот се судри и со бугарската полиција и војска во атарот на селото Ореово, каде што во борбата со надмоќниот непријател е разбиен. Тој неуспех не ја намали вербата на младите. Херојската борба и држење на неговите борци уште повеќе го поттикна гневот и веќе во јули 1942 година се формира Битолско-преспанскиот одред "Даме Груев". Есента 1942 година во близината на селото Лавци доаѓа до формирање и на партизансксиот одред "Јане Сандански".
Во текот на 1942 година во овие два одреда се бореа 9 младинци Евреи. Во одредот "Даме Груев" Виктор Мешулам Бустрик – борец до крајот на НОБ, Пепи Песо – во акцијата во с. Кажани фатен и, во затворот не кажувајќи му ништо на окупаторот, ѕверски убиен од бугарската полицијас, Мурдо Тодолану – нервно заболува и се враќа извесно време како илегалец во Битола, подоцна во 1942 година се враќа повторно во одредот, каде што трагично загинува. Во Одредот "Јане Сандански" се бореа следните младинци од еврејско потекло: Мордехај Нахмијас–Лазо – загина во 1944 година на Кајмакчалан во борба со бугарскиот окупатор како политички комесар на баталјон на 3 македонска ударна бригада, Арон Аруести – убиен во 1942 година во борбите во село Лера од бугарската полиција, Бено Русо и Нисим Алба – борци до крајот на НОБ. Од Одредот беа вратени во Битола Лазар и Јосиф како илегалци. Вестите за жртвите и успесите на партизаните уште повеќе ги мобилизираа еврејските маси.
На 2 октомври бугарската власт даде упатства за борба против партизаните. Таа располагаше со податоци за подготовките што ги вршеше Народноослободителното движење. Суровоста на бугарскиот окупатор се гледа и во упатството донесено на 6 октомври 1941 година од страна на генералот Бојдев, со кое се налага уништување на партизанските единици и се укажува дека Женевската конвенција не важи за борбата против партизаните.
Бугарската окупаторска власт есента 1942 година презема голема офанзивна акција против партизанските одреди и мирното население по градовите и селата. Меѓу народот таа зима остана позната и запамтена по ѕверствата и теророт. По засилените воени акции на окупаторот, теророт и големата зима дел од Битолско-преспанскиот одред "Даме Груев" и Одредот "Јане Сандански" преминаа во Егејска Македонија, територија под германска и италијанска окупација.
Меѓутоа, бугарската пропаганда ја негираше борбата на македонскиот народ и учеството на Македонците во неа, што се гледа од извештајот на пратеникот на НДХ Владимир Жидовец до Анте Павелиќ. Во кој се вели: "Комунистичките чети во македонија ги сочинуваат србофили. Албанци, и незначителен број Македонци комунисти, меѓу кои има и Евреи"..
На 27 ноември 1942 година се одржува Првото заседание на АВНОЈ, кое има силен политички одѕив меѓу широките маси. ПК КПМ и Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на македонија преземаат ред мерки за создавање на нови партизански одреди во пролетта 1943 година. Во директивното писмо на ПК КПЈ за Македонија од декември 1942 година покрај другото се вели: "Да се подготви се колку може за исфрлување на партизани во новатаситуација што претстои"… Се издава иу леток со кој се повикуваат сите Македонци без разлика на народност, вера и политичко убедување, да стапат во општонароден фронт.

Во тоа време вестите дека Црвената армија минува во офанзива и дека сојузничките војски постигнуваат воени резултати отвораше уште поголема перспектива за успешно окончување на војната и им даваше нови надежи на поробените народи. Но, во Европа Германците и фашистичките влади преземаа се поостри мерки спрема еврејското население, се до уништување. Во таа смисла е и писмото на Кузман Јосифовски- Питу од 20 декември 1942 година до Благоја Талески, во кое пишува:..“Овие денови владите на англо-советско-американската коалиција и нивните сојузници дадоа изјава за одговорноста и злосторствата што ги прават фашистичките разбојници над Евреите во окупирана Европа. Таа изјава има значење во тоа што ќе ги мобилизира Евреите во борба за уништување на нивниот главен и крвен непријател… Мажите ќе ги пратат на принудна работа или логори… Така и се очекуваше дека ќе ги соберат способните мажи за физичка работа и ќе ги испратат, како и порано, трудоваци на принудна работа.

Некои околности во партизанските одреди непосредно пред депортацијата на Евреитестр. 119

Вознемирувачките вести преку разни канали се ширеамеѓу еврејското население и тоа уште повеќе го поврза со единствениот сојузник НОВ. Партиската и Скоевската организација меѓу Евреите достигнува кулминација во опфаќањето на младите во скоевски и во воспитни групи, а повозрасните во симпатизерски групи и во одбори на фондот “Народна помош“. Се што ќе се побараше од раководството на Народноослободителното движење се извршуваше со невидена брзина. Родителите не им правеа пречки на своите деца во дејствувањето, без оглед на опасноста што демнееше.
До последната вечер на 9 и 10 март 1943 година се одржуваа партиски состаноци во еврејските куќи. Се постави прашањето што да се прави со еврејските младинци – што подолго време беа готови и сакаа да одат во партизани. Се пренесе директива од МК КПЈ – Битола дека сите способни за носење оружје треба да се префрлат во групи, самоиницијативно, во Грција или во Албанија, да остават адреси со цел подоцна да се поврзат и да се префрлат во одредите.
Во тие трагични денови за еврејското население положбата беше мошне тешка и за партизанските одреди, како и за партиските организации во Битола, Скопје и Штип. За тоа постојат повеќе документи, што може да се види од преписката на ПК КПЈ за Македонија со членови на ОК на КПЈ, од писмата на делегатот на ЦК КПЈ во Македонија Светозар Вукмановиќ-Темпо од февруари 1943 година и од други документи.
Непосредно пред депортацијата на Евреите од Македонија секретарот на ОК КПМ – Битола Страхил Бегинов, на 9 март 1943 година, го пишува до одредот “Јане Сандански“ следното: “Према нашите извештаи дека уште не сте спремни да примите и нови партизани го известуваме Главниот штаб на ПК. Тие ни јавуваат дека и други борци и тие, од страна што ќе доаѓаат како и тие што ќе ги доставуваат треба веднаш да се примат. Но за ова време вие присоберете се и снабдувајте се со потребни работи, а и да бидете спремни во секој случај да примите нови борци, бидејќи можеби ќе дојдат од градот (Прилеп), а и по се изгледа дека ќе вршат интернација на поголем дел од Евреите, па сигурно тука ќе има доста кои ќе се јават да се приклучат во партизаните. За ова особено припремајте се, бидејќи можиме да изгубиме доста борци. Ние немаме овде каде да ги склопиме… Потребно е за се ова да не известите што мислите, но знајте дека потребата е голема повеќе да се обраќате со тоа, дека не се уште собрани, а камоли нови да примате, бидејќи со тоа печали само непријателот…“
За напорите на партисксото раководство за консолидирање на положбата на партизански одреди во првите месеци на 1943 година зборува и писмото на Кирил Крстевски од 1 март 1943 година до раководството на одредот “Јане Сандански“, во кое меѓу другото се подвлекува:..“До 14 март неколку села да уредат постоење на курири за јавените партизани… Во случај да има нешто што спречува да се стигне до горниот рок, на пример, да не сте сите собрани или слично, јавете се од градот (Битола)…“ Исто така, од текстот на Наредбата на делегатот Светозар Вукмановиќ – Темпо од 16 март 1943 година се потврдува споменатата положба на партизанските одреди и на Партиската организација. За истото се гледа и од извештаите на Б. Талески, секретар на ОК КПМ, што ги испраќа до ЦК КПМ. На 23 април 1943 година тој пишува од Битола:..“ После моето идење тука положбата во секој поглед беше тешка. Врската со четата не се имаше, како стојат организациите по селата не се знаеше, тукашната организација несредена – без МК, туку сета работа ја бркаше еден и истиот е уапсен… Една од главните причини е што тукашните другари немаат врска со честа и со тоа не можеше да се испратат луѓе… Втора причина може да биде несреденоста на тукашната организација…“Таква беше положбата на Партиската организација во Битола: без редовна врска со одредите, коишто поради големиот фашистички терор и големата зима беа преминале поделени во помали групи во Егејска Македонија, во Леринско и Костурско. Тоа го отежна прифаќањето на голем број младинци членови на КП, СКОЈ и симпатизери Евреи коишто беа подготвени и во Штип и Скопје.
Исто така, немаше доволно илегални станови за привремено засолнување на младинците, односно додека се воспостави врска со одредите. Од друга страна, се поголемиот отпор на македонскиот народ и народностите против окупаторот предизвика бугарските војски и полицијата да преземат остри мерки против сето население во Македонија: апсења, интернации, протерувања, мобилизации, проверки, блокади и слично. Партиското раководство се наоѓаше во се потешка положба. Сите овие околности ја отежнаа ситуацијата и многу попречија за испраќање на поголем дел на организираната еврејска младина од Македонија во партизани и нивно спасување од депортација.
Пред самата блокада во Скопје и Битола, на 10 март во предвечерните часови успеваат да се засолнат извесен број членови на еврејските заедници. Од Штип не се засолни ниту едно лице, освен Исак Сион, кој се скри кај Фируз Назим.
Од Скопје пребегнаа во Албанија неколку семејства и поединци, меѓу кои браќата Моис, Ментеш и Нико Колономос и др. Браќата Арон и Моис Бахар, Ментеш Нахмијас и Шурна Јосип, учесници во НОБ од 1941 година, успеваат да се приклучат во партизанските единици, Емануел Камхи и Лујза Камхи, учесници во НОБ од 1941 година, се засолнуваат кај некои скоевци до одењето во партизани. Џек, член на МК СКОЈ, е засолнет кај еден скоевец. Неколку Евреи се засолнија во магацинот на Крстољуб Будимировски. Три еврејски семејства се засолнија во ординацијата на д-р Гарабет, Мони Карио е сокриен кај театарскиот артист Ќостаров, Моис Франсез со семејството од 5 члена беше засолнет кај д-р Хаџимитков и кај семејството Рибареви. Бенвентини Тити, како мало дете, беше скриена и одгледана од Александар и Блага Тодорови. Да ја спомнеме и групата од 17 младинци готова за одење во партизани. Поради немање врска, таа не успеа да оди во партизани и сите беа депортирани.
Во Битола една група членови на КПЈ и СКОЈ организирано преминаа во илегалство и се засолнија во малиот дуќан на Благоја Силјановски. Тоа беа: Роза Камхи, Естреја Овадија, Стела Леви, Жамила Колономос и Адела Фараџи. Таму останаа под исклучително тешки услови до 7 април 1943 година, кога успеаја да се префрлат во одредот “Дамјан Груев“, освен Роза Камхи, фатена од бугарската полиција при заминувањето во партизани. Неколку групи скоевци и членови на КПЈ самоиницијативно успешно се префрлија во Грција и во Албанија. Самуел Калдерон, Давид Калдерон, Марсел Демајо, Пепо Хасон, Ментеш Ишах, Пехо Ишах, Луна Ишах и Јаков Калдерон се префрлија во Грција и се поврза со партизанските единици на Македонија и Грција.
Скоевците Аруести Јусеф, Касорла Моис и Аруести Шимон, преку фурнаџијата Темелко, успеаја да се префрлат во Албанија.
Кај Боро Алтипармак се засолнија Саламон СадикариоМо, Самуел Садикарио, Алберт Русо и Алберт Касорла, кои преку него се префрлија во партизанскиот одред “Даме Груев“.
Рика Садикарио, Саламон Садикарио и Рашела Нахмијас, преку албансксиот конзулат, се префрлија во Албанија. Преку разни врски, во Албанија се префрлија и Сарина Песо, Леон Франко, Пеон Пардо, Есперанса Пардо, Елијао Барух, Жозеф Камхи и уште неколку души.
Во Грција успеаја да се префрлат Пепо Нахмијас, Дора Нахмијас и Алегра Шами, но тие беа фатени од Германците и одведени во логорот Аушвиц.
Изако Фараџи се засолни во една куќа, но при обид да фати врска со Народноослободителното движење е фатен од бугарската полиција и убиен. Нико Пардо, Алегра Аруести, Алберт Сарфати, Жозеф Камхи и уште неколку души успеаја да избегаат од логорот во Државниот монопол во Скопје и се засолнија во Албанија.
Дел од младинците коишто успеаја да ја избегнат депортацијата се приклучија во единиците на Народноослободителното движење на Македонија и во партизанските единици на Грција и Албанија.
Во повеќе воени извештаи на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија се гледа и учеството на Евреи како борци и военополитички раководители. За бројната состојба на одредот “Гоце Делчев“ од 14 јули 1943 година се вели: “...дека вкупно се 44 партизани и 4 во раководството... Од нив се 1 Влав, 8 Евреи и 39 Христијани (Македонци): Меѓу сите 9 се граѓани и 39 селани од 8 села од околината на Битола... Во извештајот за одредот “Дримкол“ од 10 септември 1943 година се вли:“… дека има 20 лица, од кои; 1 Евреин, 7 Македонци и другите Албанци и Турци…
Во меѓувреме во Македонија се зајакнуваат постојните и се формираат нови партизански одреди и се пристапува кон формирање на регуларни, оперативни и подвижни воени единици способни да водат борби од поголеми размери. Настануваат значителни слободни територии. Никнуваат првите органи на народната власт и тие постепено се шират по земјата. Се вршат и први подготовки за свикување на Антифашистичкото собранаие на народното ослободување на Македонија, како легитимно претставничко тело на македонскиот народ, кое треба да ја конституира државно – правната положба на Македонија во нова Југославија.
Првата воена единица на НОВ и ПОВ – првиот баталјон “Мирче Ацев“ и поставување на раководен кадар, меѓу другите се назначени: Бено Русо, како политички комесар на чета, Саламон Садикарио, политички комесар на чета, и Жамила Колономос заменик – политички комесар.
Во извештаите од 1943 и 1944 година се среќаваат имињата на повеќе борци Евреи што заземале воени и политички функции во повеќе чети, баталјони, бригади, дивизии.
Од учесниците Евреи во Народноослободителната војна на Македонија во борбите против германските, италијанските, бугарските и балистичките војни единици загинаа следните борци од Битола: Естреја Овадја – Мара, прогласена за народен херој на Југославија, загина во 1944 година на Кајмакчалана како заменик комесар на баталјон во борба против бугарско-фашистичките единици, Мордехај Нахмијас – Лазо, херојски загина во 1944 година на Кајмакчалан како политички комесар на баталјон на Третата македонска ударна бригада, Рафаел Батино, стрелан од италијанските фашаисти во 1942 година како секретар на ОК КПЈ за Санџак во Вучјас Клека, Исак Сарфати, член на МК КП и на Окру/ниот комитет во Битола, осуден во отсуство на смрта од бугарски прек суд во 1942 година, во илегалство во Егејска Македонија и таму стрелан од Германците; Саламон Садикарио – Мо, загина во Куманово во борбите против бугарските фашистички војски во 1944 година како политички комесар на баталјон на Третата македонска ударна бригада, Самуел Садикарио, загина во 1945 година на Сремскиот фронт како политички комесар на артилериски баталјон Марсел Демајо, загина во 1944 година во борба против Германците во Егејска Македонија, Јако “Битолчанец“ трговски помошник во Бихаќ, учесник од 1941 година, борец во Првата пролетерска бригада, загина во 1943 година. Арон Аруести, загина во 1942 година како борец на одредот “Даме Груев“, Леон Фараџи, стрелан од Германците во Егејска Македонија во 1943 година, Изако Фараџи, стрелан од бугарската полиција во Битола во март 1943 година, Мурдо Тодолану, трагично загина во 1942 година како партизан на одредот “Даме Груев“, Пепо Песо, убиен како партизан во затвор, Лазар и Јосиф, партизани од 1942 година, потоа депортирани, Анаф Бато, во 1945 година убиен од бугарските фашисти во Софија.
Од Скопје загинаа следните борци: Моис Бахар, учесник во НОБ од 1941 година, загина во октомври 1943 година во Кленоец во борба против германските и балистичките банди, Јосиф Шурна – Скипо, член на агитпроп на Првата македонско-косовска бригада, загина во 1944 година, Давид Наваро, загина во 1945 година на Сремскиот фронт, “Тули“, Евреј,че, од Скопје, борец на Баталјонот “Стив Наумов“, ранет во февруари 1944 година и оствен во с. Пекљани – Кочанско, предаден од еден селанец и стрелан од бугарската полиција. Емануел Камхи и Луиза Камхи, загинуваат во партизанските единици на Косово, Никола Шпај, службеник во Тетово, учесник од 1941 година, убиен од балистичките банди во 1944 година, Букица Конфино, дојдена во Скопје од Белград, учесник во НОБ од 1942 година, загина на Скопска Црна Гора во 1943 година, Дези Менахем, учесник во НОБ од 1942 година, не се знае каде загина во партизани.
Учесници во НОБ од 1941 – 1943 година, убиени, ги има поголем број. Ќе наведеме само некои од Скопје: Адолф Пискер, во НОД од 1941 година, набавува оружје преку бугарски војници, Ребека Сасон, член на СКОЈ 1942 година, Рашела Сасон и Бела Сасон, скоевски од 1942 година, Дука Вајшпај, шивачка, учесник во НОБ од 1942 година, и Изидор Алтарас, “црвени шнајдер“, пред војната активист на текстилна работилница, учесник во НОБ од 1941 година и многу други за кои не успеавме да ги утврдиме имињата, загинале на различни начини во борба со окупаторите.
Учесници на НОБ на Македонија што ја преживееја Втората светска војна се следните лица од еврејско потекло.
Одф Битола: Бено Русо, политички комесар на 15. Корпус, Хаим Садикарио, борец во Посавскиот одред – Србија Виктор Мешулам, мајор, командант на баталјон, Жамила Колономос, заменик – политички комесар на 42. Дивизија, Нисам Алба, потполковник, интендант на Втората македонска ударна бригада, Лазар Ишах, борец од 1942 година во словенечките партизански единици, Адела Фараџи, политички комесар на чета на 2 бригада. Естреја Леви – Лена, борец во 2 македонска ударна бригада, Мара Годол, борец во Првата македонско-косовска ударна бригада, Алберт Касорла, известител офицер на 2 бригада, Самуел Калдерон, борец, Давид Калдерон, пом. Санитет на 2 бригада, Пепо Хасон, пом. Интендант на 42. Дивизија, Ментеш Ишах, командант на баталјон на бригада, Луна Ишах, борец, Пинхас Ишах, интендант на баталјон, Јаков Калдерон, борец, д-р Мирјам Попадиќ, раководи со санитетот при Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, Алберт Русо, офицер за безбедност на бригадата. Од бугарските фашистички затвори се ослободуваат и се приклучуваат во Народноослободителното движење следните другари: Мориц Шами, одговорен по ОЗНА во 6. Бригада, Мориц Романо, секретар на СК КПМ – Радовиш, Ели Фараџи, борец, Роза Камхи, член на Околискиот комитет на КПЈ – Ресен и Виктор Пардо раководител на бригадата.
Од интернација во Бугарија се вратија учесници во НОБ од 1941 година: Аврам Садикарио, лекар во Куманово, Исак Леви, раководител на печатницата во Струмица, Салватор Леви, лекар во 53 дивизија.
Евреи од Штип, учесници во НОБ и револуцијата, коишто ја преживееја Втората светска војна се: Исак Сион, борец во Шарскиот одред, заменик – комесар на баталјон во Третата македонска ударна бригада, член на АСНОМ и секретар на ОК на КПЈ – Струмица, Хаим Леви, борец од 1941 година, полковник на ЈНА, Самуел Битал – Сион, Исак Хаим – Леви и Леон Капуано.
Евреи од Скопје, учесници во НОБ и Револуцијата, што ја преживееја Втората светска војна се: Арон Бахар – Милан, командир на чета во Првата македонско – косовска ударна бригада, Ѓорѓи Блаер, раководител на санитет на дивизија, Александар Фрицханд, учесник во НОБ од 1941 година, Сами Маздрахи – борец во Х бригада, 22 дивизија, Јосиф Полак, роден во Скопје, во НОД од 1943 година, борец во Автополкот при Главниот штаб на Македонија, д-р Аврам Нисим, учесник од 1944 година, во санитет во Пирот, д-р Хаим Абраванел, раководител на болницата во Скопје, Јаков Бити, студент – фармацевт, во разни санитетски служби во НОВ, Дебора Касерто, шивачка, беше во логорот на Раб, а од 1943 година во НОБ, Алфред Менахем,референт на санитетот во Јабланичкиот одред, потоа во Албанската бригада, Хаим Мосе, д-р Бора Варон, работел во партизанска болница во манастирот Св. Никола над селото Љубанци – скопско.
Од други места во македонските единици учествуваа следните лица од еврејско потекло: Хари Гадол од Белград, беше командир на придружната чета при Главниот штаб на Македонија, Бенјамин Самоковлија, учесник во НОБ од 1941 година, роден во Сараево, борец во 10 македонска бригада, д-р Јаков Сарафиќ, роден во Бања Лука, партизан во 1 скопски одред, затворан и интерниран од страна на Бугарите, шеф на Санитетската служба на дивизија на КНОЈ и член на АСНОМ.
Во Априлската војна 1941 година на одделни боишта се даваше поорганизиран отпор на германските војски кои со голема сила ги пробиваа сите одбранбени линии на југословенската војска. Од тиа борби се опишуваат повеќе херојски подвизи на голем број патриоти. Меѓу нив имаше и Евреи што беа и одведени во германските логори. Во тие борби се истакнува и Алфред Меламед, кој како воен заробеник учествува во сите антифашистички акции во германските логори. Во заробеништвото учесници во антифашистичките акции во логорот се, исто така, Алберт Камхи, Самуел Меламед, Пепо Сион, Рака Хаим Бераха, Мориц Елазар и други.
Посебно треба да се истакне името на д-р Елена Каваева Етингер (1893-1982), родена во Полска, семеен пријател и соработник на Владимир Илич Ленин и учесник во Октомвриската револуција во Русија. Заедно со сопругот Владимир Каваев, во 1922 година доаѓа во Македонија. Во 1941 година, заедно со ќерка и Рејна, прогонувана е од бугарскиот окупатор, но со залагањето на охридското граѓанство не била упатена во концентрационен логор. Во текот на Народноослободителното движење во нејзиниот дом и ординација се држеа илегални состаноци. Лекуваше болни илегалци и борци. Прогласена е за почесен граѓанин на Охрид.
Поради активно учество во НОБ, преживеаните Евреи добија голем број високи воени признанија и одликувања, а носители на Партизанска споменица 1941 се следните 12 другари: Бено Русо, Мориц Шами, Роза Камхи, Берто Русо, Виктор Мешулам, Нисим Алба, Жамила Колономос, Хаим Садикарио, Исак Сион, Хаим Леви, Ѓорѓи Блаер и Александар Фрицханд.
Естреја Овадја – Мара посмртно е прогласена за народен херој на Југославија.

Текстот е преземен од книгата
“Евреите во македонија во Втората светска војна 1941 – 1945“
од авторите Жамила Колономос и д-р Вера Весковиќ – Вангели.
Издание на Македонската академија на науките и уметностите Скопје 1986.

EVREJSKI ALMANAH 1961-1962, SAVEZ JEVREJSKIH OPSTINA JUGOSLAVIJE

Ема Часар,
Београд
Из граџе за једно историјско поглавје, стр. 120


Една група на македонски борци. Меѓу нив се наоѓаат еврејски младинки и младинци Мурдо -Лазо (погинал), Саломон Садикарио (загинал),Жамила Колономос, Адела Фараџи-Ката, Бено Русо и Бустрик.

стр. 122
Командант на батаљонот во одредот „Гоце Делчев“ Мурдо Нахмијас-Лазо роден 1923 год. во Битола. Работник, потекнува од многу сиромашно семејство. Целото негово семејство активно го помагало НОП. Во нивната куќа била сместана активна штампарија и сеодрчувани илегални составни. Мурдо од 1941 помагал на НОП, а во 1942 година е примен во Комунистичка партија и стапил во одредот „Гоце Делчев“. Бил одличен борец, еден од најдобрите пушкомитраљесци. Постанал командант на батаљон. Погинал на Калмакчалан 1944 год. Целото негово семејство настрадало.

СЕЌАВАЊЕ НА ИСАК СИОН ЗА НЕГОВАТА АКТИВНОСТ ВО НОБ,

Дешифрирано од магнетофонска лента

Доаѓам во Штип во август 1941 година. Љупчо Арсов ме поврзува во една ќелија на штипската Партиска организација. На првиот состанок беа присутни ; Љупчо Арсов, Васил Доганџиски и Ванчо Прќев. Не сум сигурен дали присуствуваше Славчо Стојменски. Состанокот се одржуваше во едно лозје, надвор од градот. Се дискутираше за вестите, за борбената активност на комунистите, во некои окупирани земји во Европа. Мислам дека на овој состанок беше спомената еднан дивизија на неколку вагони натоварени со храна од Овче поле за Германија. Беше истакнато дека и нас во тој поглед не очекуваат сериозни задачи. На мене ми беше речено дека секретар на келијата во која ќе бидам вључен ќе биде Ванчо Прќев и со него се договоривме како ќе ме бара и како ќе ме известува за следните состаноци. Во ќелијата покасно беа вкључени Тодор Судиклиски, Лазо Кокошкаров и Димо Кантарџиски. За Народноослободителната борба што требаше да ја организираме, собиравме народна помош во материјали и пари. Собраната помош му ја предадовме на Ванчо Прќев.
Сите членови на келијата водевме по една воспитна група, од чии членови се регрутираа нови членови на Паетијата. Јас водев една таква група од петмина Евреи.
Окупаторската власт уште во првите денови на окупацијата, април мај 1941 година мобилизира група на Евреи И Цигани на кулучка работа за расчистување на урнатини кои настанале од бомбардирањето во април истата година, И на материјали и оружје останато и расфрлено по разни делови на градот. Бугарската окупаторска власт уште во почетокот почна сукцесивно да воведува една редица антиеврејски закони за ограничување на движењата, забрана на трговска и друга дејност, едно кратен данок и друго, така да посиромашните семејства се најдоја во многу тешка положба. Напредното движење во Штип уште од првите денови на Априлската војна разви голема дејност во мобилизирање на масите, особено на работничката и школската младина против денационализаторската и екплоататорската политика на бугарската окупаторска власт.

Во состав на групата што ја водев јас беа:

Исак Јаков Леви трговски помошник
Пепо Јуда Леви апсолвент по медицина
Хаим Јуда Леви трговски помошник
Аврам Барух Сион студент по рударство
Моис Давид Сион ученик

Воспитната група на Евреи што ја водев одржуваше редовно состаноци, најмалку еднаш неделно. На состаноците се разгледуваше политичката ситуација и ги запознавав членовите на групата со актуелни политички задачи што ми се поставиваа преку келијата. ...