Историја
на Евреите во Македонија
Александар Матковски
стр. 7
Со потпаѓање на Македонија под римска управа во таква положба се нашле и Евреите.
Особено на удар била еврејската религија, која се судрила со елинистичката култура,
но, и сокултурата на Римјаните и нивната религија. Поради тоа, од страна на
римските робовладетели се јавува нетрпеливост спрема нивната религија како идеологија,
бидејќи таа немала класен карактер, била иста и за богати и за сиромаси, а со
тоа наштетувала на римското класно општество и религија. По ова античко време
кога првите Евреи се населиле на Балканот тие се судриле со елинистичка и римска
култура и религија, кои по многу нешта се разликувале од нивната елинистичка
и римска религија веќе го надминале верувањето. Отпорот пред се бил класен и
идеолошки, а не верски. Ваквите прогони довеле и до раздвижување на самите Евреи,
и во нивната религија - јудаизмот, па затоа се јавуваат и три секти:
садукси - претставници на најбогатите, соработници со римјаните,
зелоти - најсиромашни слоеви кои својот месија го замислувале како воен и народен
водач и дигале востанија против римјаните и
есените - кои својот божји пратеник го замислувале како морален и духовен
водач и ја нагласувале општествената правда и еднаквост и со овој морален елемент
уште повеќе го заострувале односот со Римјаните.
Есените се појавиле во 2-то столетие пред нашата ера во Палестина, од каде постепено
ги ширеле своите проповеди, во други еврејски општини на Балканот и тоа се почетоци
на христијанството. Евреите, кои биле приврзаницик на есените, живееле во примитивен
и аскетизам во состојба на сиромаштија, а не во благосостојба. Како што се вели
во книгата “Света крв, свети грал“ Еврејскиот народ како помош за ослободување
од тиранскиот јарем ја гледа во својот месија. Меѓутоа, за Исусовите современици
ни еден месија не би го сметале за божје суштество. Грчки збор за месија е Христ
или Христос. Тој збор било на грчки или на хебрејски би значел “помошник“ и
се однесувал на крал. Кралот Давид бил сигурно “месија“ или “Христ“. Меѓутоа
за зелотите тоа бил лажен месија Во текот на Исусовиот живот исчекувањето на
месијата ја достигнала точката на масовна хистерија. Значи, месија не е ништо
боженствено, туку крал кој за народот би бил и ослободител. Со други зборови
тоа било израз со посебно политичко подзначење - нешто различно од подоцнежните
христијански идеи за “Син божји“. Тој световен политички поим бил поврзан со
Исус. Тој бил наречен Исус - месија или преведено на грчки - “Исус Христос“
и така еден чисто обреден назив останал лично име. Дека во 1 век на новата ера
во македонија имало Евреи, историски доказ е столбот од синагогата во Стоби
и 2 синагога во Тетово - надгробен споменик на млад Евреин. Поради тоа се смета
дека Евреи во македонија има многу порано од другите области на Балкансксиот
полуостров, а главно биле населени во Централна Македонија, а дошле преку Цариград
и Солун, особено по покорувањето на Палестина од Римјаните. Многу Евреи биле
раселени и пренесени во римските провинции, продавани како робови јавно, но
и откупувани од своите сонародницо. Кога
односите со христијанската црква се заостриле, тогаш многу Евреи страдале и
почнале низа забрани. Еврејскиот елемент во римската империја бил силно застапен,
и во многу градови во македонија, каде има Еврејски општини со извесни права
во римската империја - автономна економска управа и судска организација. Такви
градови се Стоби, Солун, Бер
и Филити. Своите верски обреди, според јудејсксиот закон Евреите ги вршеле во
синагогите. Верскиот и општествениот живот бил организиран. На чело на сите
синагоги бил еврејсксиот герузија или конгрес на презвитерите а секоја еврејска
општина имала своја сопственост - синагога со кланови, и со особени приходи
“свети пари“. Овие пари доаѓале од членовите на општината, но и од разни казни.
Секоја општина била потчинета на римската управа во градот. Синагогата била
во облик на базилика со сали за разни служби. Имало и хуманитарни друштва: за
помагање болни, за лекување, гробари, мијачи на умрени, чии друштва се викале
купот. Во секоја еврејска општина имало и фонд “пидионшевуим“ - за откуп на
заробените Евреи. Бидејќи Евреите биле населени во главните градски места, Стоби,
Бер, Солун, Филити, кои градови биле на патот Via ignatia. Тогаш сигурно занимање
на Евреите била трговијата и занаетчиството. Евреите уште биле и откупници на
данок- лихвари и морепловци, кои биле конкуренти на Грците и Римјаните.