Положба на Евреите во современост

СЕФАРДСКИ ОДГЛАСИ
Студии и сеќавања за Евреите од Македонија
Скопје, 1995

УЧЕСТВО НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНОТО ДВИЖЕЊЕ И РЕВОЛУЦИЈА

Жамила Колономос

Ослободување на Македонија и создавање еврејски заедници стр. 136 (139)

Трагичната историја на Евреите од Македонија, што започна со 6 април 1941 година, денот на нападот на фашистичка Германија и неговите сателити на нашата земја, се приведуваше кон крај. Војната, нераздвоиво поврзана со страдањата и на другите народи и народности на Македонија, добиваше свој епилог благодарејќи на заедништвото на сите антифашистички сили во светот во борба против германскиот нацизам и неговите приврзаници.
На 9 септември 1944 година бугарската фашистиќка влада го доживува насловниот крај, а сите нејзини органи во окупираните територии се распаѓаат.
Фашистичките војски на Германија на сите фронтови во Европа непрекинато претрпуваат порази.
Во нашата земја Народноослободителната борба на народите и народностите на Југославија бележи се поголеми успеси во ослободувањето на нашата земја и протерувањето на окупаторите.
Во Македонија единиците на Народнослободителната војска со големи напори и жртви успешно ги ослободуваат териториите на Македонија. Се создава 15-от корпус од македонски воени единици, кој ја продолжува борбата на Сремскиот фронт, се до крајот на војната.
Македонија до крајот на ноември 1944 година е ослободена. Во Битола нашите единици влегуваат на 4 ноември 1944 година, во Штип на 8 ноември 1944 година, а во Скопје на 13 ноември 1944 година. Во цела Македонија евоспоставена народна власт:
враќаа Евреи од единиците на Народноослободителната војска, од бугарските затвори и интернации, од фашистичките логори во Германија, од илегалниот престој и учество во антифашистички движења во Грција, Албанија, Бугарија и Италија. Главно се населува во Скопје и Битола. Иако мал број, тие ја продолжуваа долгата историска традиција да создадат еврејски општини.Од 8.000 Евреи, колку што живееја во Македонија во 1941 година, по геноцидот преживуваат само околу 200 Евреи.
Во своите родни места се
Во Битола во 1945 година е создадена еврејска верска општина на чело со Жозеф Камхи, но, поради иселувањето на нејзините членови, таа престана да постои во крајот на 1946 година.
Во Штип воопшто не се формира еврејска општина зашто немаше Евреи.
Во Скопје беше формиран Македонско-еврејски народно-ослободителен одбор, кој на својата прва седница на 26 декември 1944 година формира Македонско-еврејска општина. На таа седница присуствуваат: Ѓорѓи Блаер, Бенјамин Колономос, Леон Алаџем, д-р Бора Варон, инж. Грос, Елена Блаер и Берта Ноах.
За претседател е избран Ѓорѓи Блаер, за секретар Берта Ноах, а за благајник Бенјамин Колономос. Првата и неопходна задача беше да се добие зградата на бившиот еврејски клуб – за сместување на канцеларии за еврејската општина, за таа да може да започне со работа. Понатаму, да се направи попис на Евреите во Скопје што секојдневно пристигнуваа. Беше препорачано сите лица од еврејско потекло и тие со шпанско државјанство што подлежат на воена обврска да се пријават во одредените служби при Народниот одбор – Скопје. Бидејќи од Албанија и од други места секојдневно се враќаа Евреи без никакви средства, беше решено од страна на општината да им се даде прва помош.
Одлучено е синагогата што побргу да се исчисти, поправи и приспособи за молитвен дом.
Со писмо од 27 декември 1944 година. Македонско-еврејската верска општина го известува Градскиот народноослободителен одбор на Скопје дека е обновена еврејската вероисповедна општина. На 30 декември 1944 година е одржана втората седница на Скопската еврејска општина. Покрај други прашања, беше решено да се средува општинската архива, и тоа од комисија во следен состав: Берта Ноах, Давид Амарилио и Алалуф, бившиот секретар на еврејската општина за време на окупацијата. За тоа денес поседуваме дел од документи што во овој зборник ги објавуваме. Покрај другото, одлучено е на 31 декември да се повикаат сите Евреи за да пополнат формулари за попис, да се искористи собирот за мобилизирање на членството за учество во акциите на Народноослободителниот фронт. Беше предложено да се организира кујна и спална со најосновни работи за прифаќање на Евреите што пристигаа. Натамошните седници се отворени со социјални проблеми што се решаваа во рамките на можностите. Во условите кога земјата беше разурната, ограбена и осиромашена, а војната со германските војски се уште траеше, проблемите тешко се решаваа.
Преку написот во весникот “Нова Македонија“ од 25 јануари 1945 година се објавиодржувањето на Собрание на Еврејската заедница. Собирот беше отворен од Ѓорѓи Блаер, а присуствуваа од страна на Главниот одбор на НОФ Бане Андреев, од Централниот еврејски конзисториум од Софија Исак Франсез и комесарот за ликвидација на Комесарството за еврејските прашања и народниот обвинител при Врховниот суд во Бугарија Манчо Рахаминов. На тоа собрание пригодни говори одржаа Бане Андреев, Исак Франсез, д-р Бора Варон и во името на еврејската младина Бранко Фрицханд.
Еврејските заедници бргу се организираа во ослободените територии на Југославија и започнуваа меѓусебно комуницирање и помагање. Така, на 17 март 1945 година Српската еврејска верска општина испраќа како прва помош триста илјади динари за Евреите во македонија. Во Белград се формира и Одбор за помагање на Евреите од Југославија, кои бара да се постават податоци за деца и стари лица кои не се способни за стопанска дејност, а на кои им е потребна помош.
Евреите, иако се уште шокирани од катастрофата што ги снајде, се вклучуваат во напорите што ги правеше целата земја во изградбата и обновата. Од своите ограничени можности тие на 16 мај 1945 година им однесоа на борците на Егејската бригада скромни подароци.
Со формирањето на Федералната комисија за утврдување на злосторствата во Втората светска војна, членовите на еврејската заедница преку Општината се вклучуваат во прибирањето на податоци за жртвите на фашизмот, за соработниците на окупаторот и во давањето на лични изјави од логорите, интернацииите и друго. Беше спроведена акција и за собирање податоци за учество на Евреите во НОБ.
Во напорите за собирање документација од страна на народноослободителните одбори за периодот на војната се прибрани и документи за продажбата на еврејскиот подвижен имот од страна на бугарските фашисти по наредба на претседателот на Народноослободителниот одбор на Скопје, Димче Зографски. На 19мај 1944 година на Одборот во Скопје му се предадени 1.226 такви документи и преписката за продажба на подвижниот имот на Евреите од другите градови на Македонија.
Главните активности на Еврејската општина беа во рамките на што повеќе давање помош на Евреите што се враќаа во своите домови и нивно вклучување во нормален живот.
Со создавањето на еврејската држава Израел во мај 1948 година најголемиот дел на членови на еврејската заедница на Македонија се иселува во својата нова татковина. Но, тие остануваат длабоко врзани за својот роден крај и по разни поводи се собират. Така, на 11 март секоја година, во една голема синагога во Ерусалим, се собираат Евреите по потекло од Југославија на комеморација и им оддаваат почит на сите жртви на фашизмот. Во шумата на мачениците во Израел стојат и имињата на македонските Евреи.

Денес во Битола нема ниту еден Евреин, во Штип еден, во Гевгелија еден и во Скопје во Еврејската општина се регистрирани вкупно 157 членови, а само дваесетина се битолски и скопски Евреи.
Општествената заедница на Македонија, Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонаија, Сојузот на боречките организации на Македонија, во соработка со преживеаните Евреи, со голем пиетет го одбележуваат денот на депортацијата на 11 март. Во Битола, Скопје и Штип, покрај преживеаните Евреи, и други граѓани масовно се збираат да им оддадат почит на своите убиени сограѓани Евреи.
Spomen ploca na monopolot vo SkopjeСпоменици на Евреи жртви од фашизмот се изградени во Битола, Штип и Скопје и спомен – плоча во Монополот во Скопје. Во Битола во центарот на некогашната еврејска населаба е истакната бистата на народниот херој Естреја Овадја, а во паркот, заедно со народнаиот херој и други истакнати борци во Народноослободителната борба, е и бистата на Мурдо Нахмијас. На Кајмакчалан близу Битола, на местото каде што загина Естреја Овадија, е ставена спомен – плоча. Evrejska opstina vo SkopjeВо Скопје е изграден нов дом на еврејската општина, на кој се чува и спомен – плоча. По повод 11 март во Скопје и Битола се поставувани пригодни изложби. Снимени се и три документарни филма: еден за животот на Естреја Овадја, еден за депортација на Евреите. “Последен воз“, и “Непребол“. Издадени се неколку публикации “Историја на Евреите на Македонија“ од Александар Матковски, монографија “Естреја Овадја“ од Стојановски, “Битолски Евреи“ од Ѓорѓи Димовски и “Пословице“, изреке и приче сефардских Јевреја Македоније“ од Жамила Колономос. Три улици во Скопје го носат името на Рафаел Батино, Моис Махар и 11 Март, а една детска градинка во Битола го носи името на Естреја Овадја. Основното училиште “Браќа Рибар“ во Скопје ги негува традициите на 11 март и секоја година пред споменикот на паднатите жртви Евреи одржува пригодна културна програма. Најпосле, сметавме за своја должност спрема илјадници загинати сонародници, како жртви на фашизмот и како борци во Народноослободителната војна на Македонија, ним за спомен да им го посветиме овој зборник.