Положба на Евреите под турско робство

Дипломска работа

Славица Стаменкова

Положба на Евреите во Македонија со навлегување на Турците на Балкан и потпаѓање на Македонија под турска власт.

Настанува нов период во историјата на еврејскиот народ во Македонија со навлегување на Турците на Балканот. Во овој период, 1360 година многу Евреи навлегле на Балканскиот полуостров прво во Бугарија во Видин, Никопол, Плевен, а потоа се населувале во Сер и Солун, каде еврејските општини биле многубројни. Овие еврејски емигранти биле од унгарија, Германија, Полска и Австрија - кој во македонските еврејски општини наоѓале заштита од црковни прогони. Нив македонските Евреи ги нарекувале Ашкенази, кои зборувале еврејски дијалект со многу германски зборови. Тие бидејќи не го знаеле грчкиот јазик, не се зачленувале во „романиотските“ еврејски општини како биле нарекувани, туку си создале свои ашкенски општини, какви што имале во Солун и Одрин (Едрене).
Друг бран на Евреи, доаѓал од Шпанија. Многу од нив биле продавани на островот Крит како робови, и откупувани од Евреите од Солун. Тие бидејќи не знаеле да зборуваат на грчки јазик го користеле шпанско - еврејскиот „ладино“ јазик. Од староседелците биле нарекувани „Сефарди“. Кога Македонија по Маричката битка 1371 година потпаднала под турска власт, во Македонија имало три еврејски општини. Романиоти - староседелци, Ашкенази од Средна Европа и Сефарди од Пиринејскиот полуостров. Тогаш во Македонија владеечка религија била исламот, а христијанството, дотогаш владеачка религија, била второстепена, потчинета, како што бил и јудаизмот.
Турските владетели и народот не биле заедно со антиеврејски пропаганди, и спрема Евреите се однесувале како и спрема сите други немуслимански народи, и имале исти граѓански права, а еврејските рабини се изедначиле со христијанските свештеници. Тие, имале право да живеат секаде во империјата, да ја исповедаат својата вера и без пречки да тргуваат. Најмногу Евреи во овој период има во градовите Битола, Охрид, Бер и Костур каде имало еврејски општини. Градот Солун, благодарение на Евреите станал значаен трговски и текстилен центар, но биле населени во Солун и многу Турци, така да градот добил и ориентален елемент. Ohridska sinagoga vo CarigradСпособните Евреи, биле ценети од страна на Турците, а тоа се докажува со изборот на неколку еврејски рабини, од страна на султанот, во државниот совет, така наречен Диван. Султан Мухамед 2 преселил многу Евреи во Охрид и во Цариград, каде се до 19 век постоела „Охридската синагога“.
Од Шпанија Евреите повторно се протерувани. Тие морале да бегаат поради инквизиција, или пак да го прифатат христијанството, со што би станале лажни христијани наречени Марини. Меѓутоа и Марианите биле протерувани, прогласувани за еретеци и ништени. Со победата над Арапите, шпансксиот крал Фердинанд наредил сите нехристијани да се иселат. Така, Евреите ги чека уште еден долг и неизвесен пат, да најдат свое парче земја, да си обезбедат место под сонцето. Со иста судбина биле зафатени и Евреите од Сицилија, Јужна Италија и Португалија. Евреите најдобро уточиште наоѓале во исламските земји, особено во европска Турција - во градовите Солун, Цариград, Одрин. Турскиот султан великодушно ги примал Евреите бидејќи тие како експерти за трговија ќе придонесат за прогрес на трговијата во турската империја.
Новодојдените Евреи биле многубројни од староседелците. Тие биле со висока културна свест, знаеле јазици, а многу од нив имале завршено шпански и португалски универзитети. Нов бран на Евреи има со повикот на рабинот Царфати во 1475 година, да дојдат во Турција, каде имаат загарантирана безбедност и работа. Дојдените Евреи, најмногу се населиле во Солун и сами го нарекуваат градот „мајка на Израел“. Од овој период датираат и првата отворена печатница во Цариград и Солун како и првите печатени книги на еврејски јазик. Доселувањето продолжило во 15 и 16 век, но во помали групи, семејства и слично.

Најмногу Евреи се населувале во Солун, Битола, Скопје, Бер, Сер.
При крајот на 19 век во Германија, Австро-Унгарија се повеќе се развивале антисемитски пропаганди и тоа движење станало се пожестоко, а пак се повториле лагите од средновековието за „ритуалните убиства“ кај Евреите. Ваквиот влошен однос кон Евреите довел до повторно приливање во Турција, а со тоа и во Mакедонија. Кон крајот на 19 век во Русија се јавуваат антисемитски пропаганди, така што има уште еден прилив на Евреи во Македонија т.е. во Солун каде најмногу се населувале Евреите поради еврејската општина која била најсилна. Како сите граѓани во турската империја така и Евреите биле подложени на плаќање разни даноци, кој биле доста високи, и често биле принудени да се жалат кај султанот. Но иако  оптоварени со даноци, Евреите биле задоволни со животот во турската империја, бидејќи немало физички истребувања и програми какви имало во цела Европа.

Меѓутоа во Турција се појавувале разни забрани за Евреите, биле сметани за второстепени граѓани, и на секој начин сакале да ги понижат, физички да ги малтретираат на јавни и други места. Има докази, дека многу Евреи во Солун и Битола се покрстиле, а потоа преминале во ислам, но тоа било воглавно поради трговско - финансиски причини најчесто. Со разни декларации од султаните, често Евреите добивале граѓански права и се подобрувал нивниот живот, општествен, и во овој период многу од Евреите се збогатиле. Меѓутоа, оние побогати Евреи исто биле мета на ајдутите, со нивната појава во целиот период на турското владеење. Исто биле ограбувани „па дури и уценувани за нивните деца“. Ајдутите во многу ја прализирале трговијата. Евреите, толку ја развиле трговијата, што ја поврзале Турција со европскиот пазар и така таа се вброила во трговска земја, со главен трговски центар во Солун. Освен за развојот на трговијата Евреите се носители и на развојот на индустријата во Солун и други поголеми градови. Тогаш, доаѓа и до поголема диференцијација на самите Евреи, на една страна биле многу богатите а друга крајност биле бедните. Кои живееле во „Еврејските маала“ и биле десеткувани од многуте епидемии и заразни болести. Освен важен трговски, Солун бил и важен духовен и најавторитативен центар за сите верски и други прашања. Особено за културниот развој и издигнување на Евреите, важна улога имале еврејските општини, каде имало основни средни и високи школи, од каде произлегле многу учени луѓе - интелектуалци од разни сфери на науката. Класичен век, на еврејската култура бил од 16 до прва половина на 17 век. Во 18 век се појавиле учени луѓе, кои ги обработувале темите за изучување на битот на македонското еврејство.