Историја
на Евреите во Македонија
Александар Матковски
стр.
16
Римската империја се поделила на источно и западно царство. Во византисксото
(источно) царство влегла и македонија, а со тоа и еврејските граѓани во неа.
Христијанството во Византија станало државна религија. Христијанските епископи
и патријарси станале верски владетели, и тие ги прогонуваале сите припадници
на другите религии, а особено биле кивни на еврејската религија, а со тоа и
на еврејските граѓани, кои, сметале тие, својата душа ја ставиле во презрена
ситуација. Со византиското владеење, новини биле и разните едикти, забрани за
Евреите, ги задушувале нивните граѓански права, им забранувале да градат синагоги,
а вовеле и други разновидни репресалии.
Многу од Евреите, кои јазично биле асимилирани не ги осетиле тие последици,
бидејќи зборувале грчки, а си ја задржале својата вера јудаизмот, меѓутоа, Евреите
од поголемите центри (Цариград,
Солун) биле раселувани, што овозможило тие просторно да се шират. Како што се
менувале царевите во Византија, така и положбата на Евреите се менувала, меѓутоа
главно се влошувала.
Еврејските општини биле под закрило на Еврејската верска јуриздикција, која
била со седиште во Јавне, а потоа во Галија. Тие биле задолжени да плаќаат разновидни
даноци. Царот Теодосиј 2 издал декрет со кој се утврдувало, данокот што одел
во еврејската јуриздикција да се праќа во државната византиска каса, и со тоа
во истата сума. Со овој декрет, а и со низа други забрани (градење синагоги,
служење на Евреи кај христијани и обратно) започнува еврејската антипропаганда
во Византија. Со ваква анти пропаганда продолжува и наследникот на цар Теодосиј
- Зенон - јустинијан 1, кога положбата на Евреите крајно се вложила и била понижувачка.
Забраните што биле воведени биле разновидни, меѓу кои дури и забрана на прославување
на Пасхата, пред Христијансксиот Велигден и библијата да не се чита на еврејски
оригинал, тука само на грчки и латински јазик. За време на императорот Хераклеја,
во Византија навлегува првиот бран на Евреи од Шпанија, кои биле протерани од
таму, или пак да останат но да се покрстат. Во периодот 6-7 век голема група
Евреи доаѓа во Солун, каде што има силна Еврејска општина. Ова се поклопува
со доаѓањето на Словените на Балканот, и нивно навлегување во Византија, па
така судбината на Евреите и Словените станале заедничка, бидејќи и едните и
другите биле образени од Византија.
Следниот
император Лав 3 наредил сите нехристијани да се покрстат. Поради тоа во овој
период е забележано иселување на дел од Евреите во Бугарија каде имало незнабоштво.
Меѓутоа, подоцна и во Бугарија, победува христијанството, над паганската и еврејската
религија. Во ова време, Евреи имало најмногу во Солун, Костур, Битола, Охрид,
Штип и Струга. Но, сепак
Солун бил ризница на хелинистичката, римската, византиска, ориентална и паганско
- словенската култура Еврејскиот народ го дополнувал и му давал посебен духовен
белег на градот Солун. Градот Охрид,
во тоа време бил важен трговски центар, но и важен еврејски културен центар,
а во него како последица на 1 крстоносна војна се населиле многу Евреи од Западна
Европа. Тешкиот живот на македонците и еврејското население се влошило уште
повеќе со навлегувањето на Норманите во 1082 година кои со својот поход нанел
многу штета на населението. Втор бран на страдања бил првиот крстоносен поход
низ Македонија во 1096 и 1097 година, по патот Via ignatia. Насекаде биле уништувани
еврејските општини. Поради многуте маки и страдања Евреите барале помош од својот
замислен месија кој, сметале, дека ќе дојде и ќе ги спаси од страдањата. Особено,
важен момент е одлуката на папата Иноќентие 1 кој во Рим 1215 година ја изнел
анти еврејската одлука - секој Евреин задолжително да носи посебна облека, за
да се разликува од другото население, што подоцна се променило со носење жолта
трака на ракавот или шеширот. Оваа сурова одлука понижувачка за Еврејскиот народ,
ќе ги прати во текот на наредните векови, а “најдобро“ ќе ја искористи злогласниот
нацист Хитлер со Давидова жолта звезда. Инквизицијата, будно мотрела
на секој кој ја прекршил ваквата наредба, а меѓу христијаните се ширеле зли
идеи, дека Евреите ги убиваат христијанските деца, и со нивната крв се причестувале
за време на славењето на Пасха. Следи период на уништување на Еврејските книги,
и се што значело напредок за еврејскиот народ, а самите Евреи биле потиснувани
во гета. Владеела и “црната смрт“ т.е. чумата, а еврејското население сместено
во понижувачките гета, најмногу страдало. Поради тоа, во овој период има силно
навлегување на Евреите во православните држави, Русија, Византија, Бугарија
и Србија. Во 12 век има период на големо навлегување на емигранти од Западна
и Средна Европа, а еврејските општини се повеќе се зголемуваат. Особено емигрантите
биле во италија, Франција, Германија и Унгарија. Емигрантите од Италија имале
свои две еврејски општини со италијански јазик во употреба. Општините биле Сицилијанска
и Апулска. Новодојдените Евреи се разликувале од староседелците по незнаењето
на грчкиот јазик. Познат учен Евреин дојден од Италија е Јудабен Моше
Москана. Живеел во Oхрид.
Пред навлегувањето на турците на Балканот, Македонија била под српска управа.
Во овој период нема поголеми прогони на Евреите, а од српските цареви, не е
забележан ниту еден пропис против Евреите.