ЕВРЕИТЕ
ВО МАКЕДОНИЈА, дипломска работа
Славица Стаменкова
Историски
преглед (Најстара историја на Евреите)
Еврејските племиња во Палестина (Канаам) почнале да се доселуваат околу 2000 г. п.н.е. како номадски сточари со родовско уредување по библиско предание од Месопотамија (долни Еуфрат околу градот Ур - Касдим), а во Палестина ги довел патријархот Аврам. Во 1700 г. п.н.е. Евреите се населиле и во Египет веројатно како како сојузници на Хиксите што тогаш покриле дел од таа држава. Во новата среедина тие воглавно се занимавале со земјоделство. Помал дел од нив се занимавале со занаетчиство. Меѓутоа, по 120 години ропство под Хиксите, Египјаните се ослободуваат. Веднаш по ова положбата на Евреите почнала да се влошува. Како резултат на се посилен гнет тие востануваат под вотство на Мојсие, Арон и Исус. Тие во 13 век п.н.е.се враќаат во Палестина. По ова населување, тие својата територија ја разделиле меѓу своите 12 племиња со кои раководеле старешини, викани судии. подоцна тие во Палестина се обединуваат. Така се формираат две држави - Израелско - Јудејско царство. Околу 1000 години п.н.е. Давид, по победата на филистанците, ги обединил двете царства. Давид гради храм во Ерусалим. По смртта на Давид царството поново се разединува. Вака ослабени Асирците со Сарагон 2 во 772 година п.н.е. ги покорил Израелците, а Јудејците ги става во наполно завиден однос. По околу два века Вавилонците со Нвуходоносор во 586 година п.н.е. и ја одзела на Јудеја и таа формална независност. Вавилонците го запалиле Јерусалимскиот храм и дел од јудејското население однеле во прогонство во Вавилон.
Епоха на другиот
храм од 538г. до 135 г. п.н.е.
Во 538 година п.н.е.
персискиот цар Кир, кој го освоил Вавилон им дозволил на Евреите да се вратат
во Вавилон и повторно изградат храм. Храмот е изграден 444 г. п.н.е. а го ирградил
Јездра. Александар Велики ја завзел Палестина во 332 година п.н.е.. Оттогаш
започнува постепено , но се посилно еврејската дијаспора низ сите елински и
сите соседни подрачја, а се засилува неговата по неговата смрт, за време на
противничките борби на неговите дејности.Евреите се населиле на целата територија
на грчката зона, што значи на Балканскиот полуостров и во јужнословенски земји
(Македонија). Во тој период секаде се шири елинизам, а Евреите под водство на
Макабејец (166г. п.н.е.) креваат востание против сириската елинистичка владавина
на Селецкида. Така, Јудеја станува независна, на 63 г. п.н.е. таа потпаднала
под власт на Римјаните, под многу строг режим.
Повеќе од пола век
пред Исусовото раѓање, подлегла на Помпејовата војска и и била наметната римска
власт....... На народот му било дозволено да ја задржи својата вера и обичаи.
Во 6 век на нашата ера земјата била поделена на управни единици. Јудеја била
под непосредна римска власт, а со тоа биле распнати повеќе од три илјади бунтовници.
Храмот бил ограбен. Со доаѓањето на власта на Понтија Пилат кој владеел со Јудеја
од 26 до 36 г. п.н.е., состојбата не се подобрила. Евреите во тогашната света
земја биле поделени во неколку секти и подсекти. Биле на пример судукеји - мал
но богат земјопоседнички сталеж, кој на квинслишки начин соработувал со Римјаните.
Друга група биле
фарисеји - кој во јудаизмот внеле измени и биле против Рим. Еден фарисејски
рабин под името Јуда Галилејац створил една ратоборна странка составена од
фарисеји и есени. Неговите следбеници се познати како зелоти. Во времето на
Исусовата мисија, зелотите завзеле истакната улога во Светата земја. Во 66 година
во Јудеја е подигната организирана борба против Рим. Римјаните во оваа побуна
искасапиле 20.000 Евреи. Во следните четири години Римјаните го завзеле Ерусалим,
го разрушиле и ограбиле. Последица на побуната била масовен прогон на Евреите
од Светата земја. Императорот Хадријан во 135 година наредил сите Евреи со закон
да бидат протерани од Јудеја, и Ерусалим постанал римски град.
Poslovice,
izreke i price, Sefardskih Jevreja Makedonije
Жамила Колономос
стр. 8
Во 16 век во Битола
се населуваат Евреи од Шпанија и Португалија кои во прво време создаваат одвоени
општини. Во документ од 16 век зборува за постоење на две еврејски верски општини
со синагогите „Арагон“
и „Португал“.
Меѓу доселените од Португалија имало и извесен број на марани, насилно покрстени
Евреи.