Аврам Ј. Анаф - Бато

  Роден е 1922 година во Белград. Детството го поминува во Битола, завршил гимназија во учебната 1939/40 год.
Уште како млад е опфатен во воспитна група. На 9.4.1942 год. бил затворен од бугарската полиција и осуден на 9 год. и 6 месеци затвор. Во Битолскиот затвор бил до крајот на април 1942 год. од каде е префрлен во Скопскиот затвор. Тука останува до ноември 1942 год. Потоа е префрлен во Варненскиот затвор, во овој затвор бил до средината на 1943 год., од каде пак е префрлен во затворот во Бургас. Во затворот имал добро држење.
После ослободувањето останува на работа во Бугарија.
Пред крајот на 1945 год., ненадејно е убиен во својата канцеларија од некои реакционерни елементи.

НА 3013 БИТОЛСКИ ЕВРЕИ-ЖРТВИ НА ФАШИЗМОТ, 11 МАРТ, 1943-1958, БИТОЛА