Естреја
Овадија-Мара
|
|
Родена е на 25 декември1922
во Битола, во многу бедна работничка фамилија. Рано останала без татко.
Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка и , што работела
како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа.
Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја осетила сета беда на сиромаштијата
и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи.
До 1938 год. работи во Битола меѓу напредната еврејска младина. Од 1938
до 1941 год. е работничка во Белград, каде продолжува да работи со напредните
белградски младинци. Пред војната се враќа во Битола. Станува член на
СКОЈ и се истакнува во работата. Во 1942 год. е примена за член на Партијата.
Во Април 1943 год. оди во партизани, прво во битолскиот одред „Гоце Делчев“,
а покасно во III бригада на кумановски терен. Во партизани се истакнува
со својата храброст и неустрашивост. Учествува во сите борби што се водени
кај Фуштани, Тушин и Кожуф. Во 1944 год. е префрлена во VII бригада. Загинува
во почетокот на 1944 год. на Кајмакчалан, во нерамна борба со непријателот.
За народен херој е прогласена на 11.10.1953 година. |