Језик, писмо и књига Јевреја у Југославији


Јеврејски историски музеј у Београду, Београд 1979 год.

Збирка старих хебрејских рукописа у Јеврејском историском музеју у Београду

Хедвига Бошковиќ

стр. 23
Во Еврејскиот историски музеј во Београд се наоѓа збирка на стари хебрејски ракописи единствена во бивша Југославија.
Во Еврејскиот историски музеј се наоѓа многу значаен примерок на пинкас (сл. 1). Воден е во Еврејската општина во Скопје во Синагогата „Бет Јаков“ од 1749 до 1913 г. Пишуван е со мешавина на хебрејски и ладино јазик со курзив Раши писмо. Бидејќи тоа е еден од најстарите примероци на музејската збирка потребно е да се каже нешто повеќе за нејзината содржина што ќе овозможи да се стекне одредена слика за животот на еврејската општина во Скопје повеќе од 150 години. Содржината претежно се однесува на хуманитарно-верски организации во Скопје, за синагогата, Хевра Кадише, Бикур Холима и други. Во ракописот се забележани статути, Хаскаме со кои се регулира наплатувањето на таксите за членовите во општината, забележано е дека овие организации редовно им помагале на сиромасите со пари, храна, облека, а особено на вдовиците и сираците. Водена е евиденција за патиниците од Палестина кои доаѓале во Скопје да собираат прилози за светата земја. Значењето на Пинаксот е во тоа што дава податоци за економската положба на еврејската заедница во Скопје, за нејзината социјална работа, врската со сограѓаните од други националности и со Палестина.


Фонд старих хебрејских штампаних књига у Јеврејском историском музеју у Београду,

Милица Михаилович,

стр. 39
стр. 49
По Втората светска војна издадени се само три книги со хебрејски букви. Тоа се две книги со сефардски пословици кои ги припремила Жамила Колономос. Во 1976 год. објавена е книгата Пословици и изреки на сефардските Евреи во Босна и Херцеговина, а во 1978 г. објавена е книгата Пословици, приказни и изреки на сефардските Евреи во Македонија.

Изложба на Еврејскиот историски музеј во Београд 1979 год.

Список на изложени предмети кои биле изложени, а потекнуваат од Македонија

1. МЕГИЛА (свиток со одломак од Тора)
Македонија, 19 век
пергамент 56,5х2,7 см.
јазик, хебрејски
писмо хебрејско квадратно
Свитокот се наоѓа во сребрена кутија со ваљкаст облик со должина од 12см., радиус 2,5 см. Збирка на Хинка Ледерера

2. Непознат автор
КАНТИГА НУЕВА ПОР ПУРИМ (нови песни за Пурим)
Македонија 19 век
хартија, мастило,
25 листови, 16х21,8 см.
повезот недостасува
јазик ладино
писмо Раши курзив

3. ПИНКАС (сл. 1)
Скопје,1749-1912 г.
хартија мастило 14 листа, 25 х41 см.
платнен повез, кожен хрбат,
јазик, хебрејски и ладино писмо хебрејско и Раши, квадратно и курзив

4. ДЕЛОВОДЕН ПРОТОКОЛ
Македонија 1916 г.
хартија мастило
98 листа, 34х47 см.жкартонски повез без украси
јазик турски и ладино
писмо турско и Раши, курзив
Само насловите на рубриките во книгата се напишани на турски, додека целиот тект е напишан на ладино.

5. ПРАВИЈА НА ЕВРЕЈСКАТА ВЕРОИПОВЕДНА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ
Скопје, 1936 г.
штампарија „Јужна Србија“
јазик, српскохрватски
писмо ќирилица

Језик, писмо и књига Јевреја у Југославији

Еуген Вербер

стр. 9
Околу одговорите на многу прашања за кои сеуште се спорни, само едно е сигурно: за изворен еврејски јазик се смета само хебрејскиот или иврит (потеклото на зборот е спорно и не може со сигурност да се тврди  толкувањето дека зборот настанал од евер- обала, ни од авар-премин, преминување) Хебрејскиот јазик во јазична смисла спаѓа во каананска група на северозападни семитски јазици, додека откритијата на Рош Шамре-Угарит, нудат можност за запознавање на хебрејскиот јазик како еден од каананските наречја.

Хебрејскиот јазик  својот најстар вообичаен степен, на основа на староеврејски племенски наречја, го постигнал на крајот на вториот милениум п.н.е. Со тој јазик се пишувани некои делови на Тнаха (Тнах или Танах)- Стар завет  и некои делови од старите песни. 

Начест и најубав степен  со кои се пишувани најголемиот број на библиските дела претставува класичниот јазик од време на кралевите- Јазик на четивата

(хебрејски лашон хамикра). Во време на постоење на Вториот храм, арамејскиот јазик е се повеќе во употреба како говорен јазик, говорот на хебрејски се повеќе поприма други облици, а во пишаните споменици од тој период може да се забележи желба за продолжување  на јазикот на минатиот период.  Во период на стварањето на послебиблискиот зборник  на правни и и верски прописи (од 2-3 век п.н.е.) простиот-народен јазик со упростена граматика, али збогатена со нови зборови и некои грчки и латински зборови, а како најзначаен од тој период  е јазикот Мишне (лашон хамишна).

Хебрејскиот јазик  скоро 2000 год. на галут (дијаспора, прогонство) останал пишан јазик на Евреите, на него се пишувани писма, прашања и одговори, расправи на верски, правни и други учења.

Хебрејските текстови како и оние на други говорни јазици кои се прилагодиле на својот начин на мислење и говор и се нарекуваат еврејски (жудео-еспанјол, џудезмо, јидиш) пишувале со хебрејско квадратно писмо, кои во текот на 20 века малку се изменил. Некои коментари ;респонзе и други необредни текстови, пишувани а покасно и штампани со разни стилизации на тој алеф-бета, кои само условно можат да се наречат курзив, а обично се викаат рабински или Раши букви.

Новохебрејскиот јазик настанал (овој назив е условен бидејќи тоа е потполно ист јазик со  старохебрејски зборови) кон крајот на 19 век под влијание на просветителството (Хаскала-просвета) покасно и ционистичкиот период, а во државата Израел постанува службен јазик.

Арамејскиот јазик скоро дваесет векови бил говорен јазик  на голем дел од Близок и Среден исток, откаде е потиснат по појавата на исламот и преовладување на арапскиот. Тоа бил јазик на Арамејците- Семити кои од 10 до 8 век п.н.е. основале повеќе држави во Предна Азија, но со тек на вековите исчезнале и се асимилирале со другите народи. Арамејскиот јазик во науката неоправдано е нарекуван  халдејски и спаѓа во северозападната група на семитски јазици. Дел од верската книжевност и свети книги се напишани на арамејски.

Евреите во христијанска Шанија и Португалија го прифатиле шпански и португалскиот јазик. По изгонувањето во 1492 год., шпанските Евреи со себе го понеле и го сочувале до денешен ден под имињата: сефардски (од топонимот с фард кои само еднаш се појавува во Тнаха, употребен како хебрејски назив за Шпанија- С фард), џудезмо, ладино, жудео-еспанол.

Некаде во 9 век дојдените Евреи во Германија почнале да го употребуваат, на тој простој своевиден јазичен феномен, еден од специфичните облици на еврејската култура, новиот говорен јазик на европските ашкенаски Евреи (од 9 век личната именка Ашкеназ, која во Тнахата се споменува 3 пати и се зима како еврејски назив за Германија, така и ашкеназите-германски) кои после 11 века го добиле називот јидиш. Јидиш до 16 век се говорел од еврејските населби во Холандија до Северна Италија и од Алзас до Литванија. Јидиш јазикот во својата ризница  вклопил многу словенски зборови.

СЕФАРДСКИ ОДГЛАСИ
Студии и сеќавања за Евреите од Македонија
Скопје, 1995

Жамила Колономос

500 години од еврејско-шпанскиот јазик во Македонија

стр.53
Еврејско-шпанскиот јазик е говор на сите сефардски Евреи во светот и претставува редок, ако не и единствен феномен во историјата на лингвистиката. Јазикот на 15 век  на Шпанија се одржал меѓу Сефардите 500 години, до ден денес онаков каков бил во тоа време. Преку писмен пат од колено на колено се пренесувале романсите, поговорките и гатанките, приказните, загатките, тажаленките, обичаите, кулинарските специјалитети.
Евреите во Македонија 5 века зборуваат на еврејско-шпански јазик. Јазикот на Сефардите во овие краишта се смета во научниот свет дека е најсочуван. Посебно тоа е карактеристично за битолските Евреи кој во својот речник сочувале облици познати само кај предкласичните текстови на шпанската литература.

Жидови на тлу Југославије

Музејски простор, Загреб 14.04-12.06 1988 год.

Јазик, писмо, Танах и Талмуд

стр. 79
Еврејски говорни јазици се јидиш и ладино. Со своите преселувања, Евреите на долго или кратко време ги прифаќале јазикот и дијалектот на народот-домаќин, зборувале на тој јазик и го прилагодувале на свој начин на мислење или изразување. За свој молитвен и јазик на „светото учење“, па и книжевен, научен и понатака го задржале својот хебрејски, кои го нарекле свет јазик Лашон хакодеш.
Ладино или џудео - еспанјол (еврејско-шпански) џудезмо е говорен јазик на т.н.р. сефардски Евреи. Настанал на основа на сочувана лексика на предкласичен стредновековен шпански јазик, со примеси на хебрејски и арамејски зборови па од јазиците на непосреднта околина (турски, грчки, српски, македонски). Се пишува како и јидиш со хебрејско квадратно писмо.

Сефардски огласи

Студии и сеќавања за Евреите од Македонија, Скопје, 1995

Мориц Елазар

Евреите од предвоено Скопје во моето сеќавање

Евреите од Скопје беа Сефарди. Ешкенази имаше малку. Тие, заради менталитетот и незнаењето на шпанскиот јазик тешко се вклопуваа во животот на другите Евреи. Ние ги викавме Тудескус или Ешкенази, но, често го употребувавме името Халахути кое немаше некоја подбивна смисла како што тврдат некои, туку беше збор што го користеа само младите.
Во Скопје се зборуваше шпански но со специфичен изговор, акцент и интонација на говорот, со поголем број хебрејски, турски и француски зборови. Називот ладиноза тој јазик кај нас се користеше ретко - за нас тоа беше „il espanol“. Нашиот јазик доста се разликуваше од шпанскиот на кој зборуваа Евреите од Битола, Белград, Сараево и во други места во кои живееја Сефарди. Така што секој туѓинец веднаш се препознаваше по изговорот.

Евреите во Скопје живееја во добри односи со припадниците на другите националности (во Скопје пред Втората светска војна, покрај Македонци, Срби и Црногорци, имаше и Турци, Албанци, Роми, Грци, Власи и Руси - емигранти). Особено добри односи постоеја меѓу еврејската младина и младината од другите националности. Сепак, треба да се нагласи дека и дури и младите Евреи главно се дружеа меѓу себе.
Ретки беа оние кои првенствено се дружеа со припадници од други националности. Оваа специфичност особено дојде до израс во фактот дека во предвоено Скопје мешовитите бракови беа вистинска реткост.

Повеќето постари Евреи зборуваа грчки и турски, а некои и француски. Турски зборуваа и повеќе вработени млади лиѓе со оглед на тоа дека во скопската чаршија турскиот јазик се уште доста се слушаше. Младината која идеше на училиште повеќе се приклонуваше кон учење на францускиот јазик за што придонесуваше и околноста што во Скопје, во Баданда постоеше приватно француско училиште на господинот Дер во кое учеа повеќе еврејски деца.