КОНФЕСИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ

РЕЛИГИЈА НА ЕВРЕИТЕ

Јудаизмот настанал во оној дел на светот каде се јавиле низа духовни покрети со кои се сакало луѓето да се спасат за вечен живот. Јудејството ја поставило религијата на највисоко ниво; таа го заменила традиционалниот политеизам во вера во еден бог, бог на правдата, чии захтеви за човекова совршеност брзо откриле дека во нив има многу богати духовни чуства за човекот и со тие барања човештвото е упатено кон прогрес.
Јудаизмот во историсксото значење на зборот е религија која ја исповеда Еврејскиот народ т.е. оние кои по историско предание се сматраат за потомци на старите Хебреи а поодредено, потомци на Израелитите населени во 2 милениум пне. во земјата Канан на обалата на реката Јордан и во западните предели на Мртво море. Основен извор на јудаизмот е канонизирана збирка од дваесет и четири книги на хебрејската библија (која христијаните ја нарекуваат Стар завет), а нарочито првите пет книги на библијата, кои ја содржат петокнижието Pentateuh или како го викаат Евреите Тора што значи “учење“). Тие пет книги ги содржат десетте заповести што бог ги дал на Мојсие. Јудејството како религија нема догми. Монотеистичката вера и љубов спрема Бог е уште од времето на Тора чија суштина е Мојсиевската вера. Јудејството по својот карактер е нормативна и практична религија, која по проценка на Талмудот (материјал за изучување) на својот верник му препишува 613 постапки и забрани, од кои позитивни се 248 (оние кои се вршат во  разни животни ситуации) и негативни забрани 365 (тоа се забрани и прописи во уздржување на некои постапки).
Талмудот човекот го смета за најголема религиозна вредност. Ако човекот се најде во некоја опасност, тогаш дозволено е да се прекрши некој закон, освен три Мојсиеви прописи: забрана за убиство, забрана за прељуба (инцест) и забрана за повреда на идолите. Од ова следи дека по талмудското знаење, битни начела на верата се: почитување на животот, личноста на човекот и вера во еден бог.
Со населувањето на Евреите во Македонаија и прогоните против нив, довело до идеолошко раздвижување меѓу самите Евреи.  Ваквото раздвижување се јавило како нетрпеливоста кон римската империја за еврејската религија која немала класни елементи.
Во еврејската религија во јудаизмот се појавиле три секти: седуксите, претставници на најбогатите слоеви кои барале отворена соработка со Римјаните, Зелотите, коик потекнуваат од најсиромашни слоеви и проповедале доаѓање на божји пратеник - месија кој го замислувале како војнички и народен водач и во таа смисла започнале востание кое трагично завршило за нив, и трети биле есените, од најсиромашните плебејски маси. Тие уште повеќе го нагласиле моралниот елемент во јудизмот, тенденција кон општествена правда и единственост, а својот месија го замислувале како морален избавител. Тие проповедале целосна општествена еднаквост, живееле во примитивен комунизам и аскетизам, но не во благосостојба туку во сиромаштија. Со своите проповеди постепено прераснале во посебна секта и биле предвесници на христијанството. Така есените од секта на јудаизмот преминале во религија, а потоа и во државна религија - христијанство. Крупен чекор од секта кон религија направил апостол Павле кој се смета за идеолог и основач на христијанството. Апостолот Павле кој се послужил со името на Исус и го претворил во мит, кој мит ќе послужи како катализатор во процесот на настанување на новата религија.
Павле одел во многу градови, особено таму каде имало Евреи и вршел проповеди, проповедајќи ја новата религија. Тој патува и во Македонија и држел проповеди во синагогата во Солун. Отпорот на луѓето се стишил и христијанството почнало брзо да се шири. Меѓутоа се до 325 година до Нихејскиот собир според Мојсиевото Петокнижие, саботата била неработна и за Евреите и за Христијаните. Тогаш се донела одлука христијаните да не работат во недела, денот кога според верувањето воскреснал христос. На овој собир дефинитивно христијанството се одделило од јудаизмот, а потоа станало легално и државна вера во Рим и на наследниците на Рим. Меѓутоа, понатаму во својот развој христијанството ги губи првобитните револуционерни идеи и привлечност, а изедначеноста меѓу робовите и робовладетелите се пренела во задгробен живот. Се потиснувал стариот завет а поголема важност се давала на новиот завет.
Во 9 век се ширеле разни идеи за месијанство, во Солун, пак дека е дојдено времето дека на земјата ќе дојде божји пратеник и ќе ги спаси од сите маки.
Во времето на 1 крстосна војна, Евреите разочарани и исплашени барале утеха во месијанството. Бидејќи не се појавувал никаков месија, тие во момент на разочарување го напуштаат јудаизмот.

Језик, писмо и књига Јевреја у Југославији

Религија - религиозни ритуални предмети

Изложба на Еврејскиот историски музеј во Београд во Београд 1979 год.

Список на изложени предмети кои биле изложени, а потекнуваат од Македонија

1. МЕГИЛА (свиток со одломак од Тора)
Македонија, 19 век
пергамент 56,5х2,7 см.
јазик, хебрејски
писмо хебрејско квадратно

Свитокот се наоѓа во сребрена кутија со валкаст облик со должина од 12см.,
радиус 2,5 см.

Збирка на Хинка Ледерера

ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, дипломска работа

Славица Стаменкова

Еврејски календар

Еврејскиот календар е луно-соларен. Годината се рачуна во однос на вртењето на земјата околу сонцето, а месеците се рачунаат со вртењето на месецот околу сонцето. Обична година има 353 354 или 355 дена, а престапната година има еден месец повеќе и има 383, 384 или 385 дена.
До усогласување на лунарната и соларната година дошло од потребата да одредени празници се поклопуваат го годишните времиња.

Месеци во еврејската година

месец
дена
Nisam март - април 30
Ijar  април - мај 29
Sivan мај - јуни 30
Tamuz јуни - јули 20
Av јули - август 30
Elul август - септември 29
Tisri септември - октомври 30
Hesvan октомври- ноември 29 или 30
Kislev ноември - декември 30 или 29
Tevet декември - јануар 29
Sevat јануар - фебруар 30
Adar фебруар - март 29

Кога е престапна година се додава уште цел месец
Деновите во седмицата освен сабота немаат називи, бидејќи во библијата не се споменуваат, туку се означуваат со реден број:

Денови во седмица

JOM GISOM први недела
JOM SENI втори понеделник
JOM SLISI трети вторник
JOM REVIS четврти среда
JOM HANISI пети четврток
JOM SISI шести петок
JOM SABAT   сабота

Седмиот ден - саботата има библиски назив Шабан Спрема еврејскиот календар денот почнува од залезот на Сонцето и трае 24 часа.