Раѓање

Сефардски огласи

Студии и сеќавања за Евреите од Македонија, Скопје, 1995

Мориц Елазар

Евреите од предвоено Скопје во моето сеќавање

... Не постоеше еврејско семејство во Скопје во кое обрежувањето на машките деца и стапувањето на еврејските момчиња (во 14-тата година) меѓу полноправните членови на верската заедница небеа сметани за најголеми семејни празници. Среќните родители не жалеа ни сретства ни труд за што поарно да ги нагостат и развеселат гостите. За „bar misva“ момчињата долго време се подготвуваа за одредениот ден обично во сабота, со помош на хахамот да прчитаат одреден посус од Тора. По тој повод славјеникот добиваше подароци од родителите, роднините и пријателите. Скопјаните ги сакаа и женските деца, но, веселбата за новородените женски деца небеше толку голема како кога ќе се родеше машко. ...

ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, дипломска работа

Славица Стаменкова

Раѓање

Своите обичаи Евреите ги одржуваат во присуство на свештеник. По раѓањето женските деца своето име го добивале во првата сабота по раѓањето, а машките деца во првата сабота по истекот на една седмица од раѓањето. Ова се практикувало поради тоа што машките деца на осмиот ден се обрезувале од специјално обучен за тоа хахам. За овој чин родителоте приготвувале гозби. По обрезувањето хахамот бил парично наградуван. На новороденото дете името му го давал дедото, а во колку тој не бил жив, името го одредувал постар член од семејството.
На машките деца по навршувањето на 13 години се изведувал еден од најинтимните обичаи преплетен со религиозни церемонии. Со него формално се прекратувало детството и децата се прогласувале за зрели. Овој обичај се вика “бермицва“. Дел од обичајот се изведувал во синагогата, а дел дома каде се приредувала богата гозба.