Календарски и верски обичаи

Сефардски огласи

Студии и сеќавања за Евреите од Македонија, Скопје, 1995

Мориц Елазар

Евреите од предвоено Скопје во моето сеќавање

... Еврејските празници се прославуваа мошне свечано. За поважните празници, на малиот плоштад пред синагогата се организираше еден вид панаѓур на кој се продаваа свирчиња, петарди, пиштолчиња, топки, балони и други ситнурии за деца. Дека е празник се чуствуваше низ целата еврејска заедница: сите беа облечени во ново, искапени избричени и добро расположени. ...