Еврејска облека

Изложба на везени ткаенини од еврејската збирка во Југославија, Еврејски историски музеј,  Београд 1978 год.

Во материјалната и духовната култура на Евреите се елементи на три основни етнички гранки на еврејството, ориентална, ашкенаска и сефардска. Ова оговара и на начинот на нивното доселување, најпрво ориенталната етничка гранка, бидејќи првите доселени Евреи биле со потекло од античка Палестина и други области на источното Средоземие каде стигнале со поради раселувањата во претходните векови. Се смета дека Евреите на ова подрачје се доселиле на преминот од старата во нова ера кога тука владееле Римјаните. Оваа ориентална гранка се карактеризира со традиционални елементи од материјална и духовна култура на старите Изралчани, но и на други народи на азискиот Близок исток со кои биле во допир, како и јаки елементи на хеленизмот, тогаш многу распространет во земјите под селеукидска и римска власт.
Другата гранка по строст на доселувањето, ашкенаската етничка гранка, ја чинат Евреите кои се доселиле во краевите над Сена и Дунав од земјите на Средна Европа приближно во 12 век. Се доселувале до 20 век. Во материјалната и духовната култура се осеќаат елементи на германска, австроунгарска и словенска (Полска и Русија) култура.
Трета гранка по доселување е сефардската етничка група. Таа ги опфаќа Евреите од Шпанија и Португалија кои стигнале на Балкан од крајот на 15 век по гонењето од Пиринејскиот полуостров.
Најтарата орентална гранка оставила траги на пример Стоби во Македонија. За оваа етничка група нема континуитет, но може да се претпостави за нивното опстојување и со доаѓањето на Ашкеназите и Сефардите.
Во Битола останал називот за Евреите староседелци „левантини“ и „мизрахи“ (на хебр. од исток) што постанало и презиме на некои семејства. Но сепак некои традиции не можеле да одолеат на асимилацијата на народите во чија средина живееле.
Ашкеназите и сефардите се одржале до денес но во многу мал број поради масовниот погром во Втората светска војна.
На везот кој е традиционален вид на украсување на ткаенините кај Евреите се посветувало големо внимание. Се обрнувало не само сметка за врстата и бојата на ткаенината туку  и на украсувањето со вез, вткаени мотиви, траки и апликации.
Животот на Евреите промените и творештвото зависеле од земјата каде живееле и граѓанските права кои ги имале или им биле ускратени.
Во областите под турска власт, во која уточиште нашле сефарските Евреи се чувствувало јако влијание особено во носијата. Машката била идентична со турската, со тоа што Евреите не смееле да носта бел, туку жолт турбан, а женската се разликувала особено по тоа што не носеле фереџе, бидејќи тие не биле така стого издвоени од мажите како муслиманките. Вел преку лице носеле само за време на обредот на венчавање. Евреите не смееле да изработуваат облека од зелена боја на мтеријалот и од сјајни ткаенини. Покрај жолта им биле дозволени и црвена, љубичаста, плава и црна. Терзискиот вез и кај Евреите преовладувал во изработката на кафтаните и женските антерии и елеци, а помалку бил употребуван на материјалите за синагогите.
Со добивање на граѓанските права Евреите не отскокнувале со облеката освен оние кои сакале тоа да го покажат (облеката на ортодоксните Евреи се состоела од облеката хасида, носење на мала капа и обреден огртач кои со време се намалил).
Украсување со вез зафаќа многу предмети но тие можат да се поделат во три групи, за синагоги, за домашни светковини и за облека.

ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, дипломска работа

Славица Стаменкова

Храна и облека кај Евреите

Носијата на Евреите била слична како и кај другото население во Македонија. Машката носија ја сочинувале: антеријата, елекот, бечвите, појасот, ќуркот и фесот. Кај жените бил сочуван карактеристичен дел, веројатно од нивната постара носија, а тоа е шамијата што се украсувала во делот над челото со многубројни златни пари. Во периодот по првата светска војна овој дел започнал да се напушта.
Во 19 век делот заден на шамијата бил подолг што потсетувало како на шамиите на мијачките жени на машкат и женскат еврејска населен, со ферман од 1622 година, им било забрането да носат црвени или пурпурни венецијански ткаенини, фереџе обрабено со свила, нож, бојадисан турбан и друго оружје. Жените не смееле да употребуваат конусни капи, зелени чинтијани и зелен појас. Исто така било забрането на Евреите да носат жолти обувки и калпаци од црвена боја, како ни предмети везени со срма. Меѓутоа, облеката на Евреите не се разликувала од облеката на другото македонско население во многу, а особено на бедните Евреи кои често немале и што да облечат.