Занаети и професии на Евреите во Македонија

Јеврејски алманах 1968-1970, Сојуз на еврејската општна на Југославија

страна 171
Мр. пх. Мордехај Камхи, апотекар, соработник од Скопје. Март 1943 г. одведен во Треблинка, каде е убиен.

Мр. пх. Ото Гринвалд, дрогериста од Скопје. Роден 1895 год. Во март 1943 г. одведен во Треблинка, каде е убиен.

Мр. пх. Леон Меламед, дрогериста од Скопје, Роден 1883 год. во Скопје, Март 1943 г. одведен во Треблинка каде е убиен.

Мр. пх. Леви Папо, аптекарски соработник од Скопје, Роден 1916 год. Во Март 1943 е одведен во Треблинка каде е убиен.

Мр. пх.  Леон Пардо, апотекар од Битола. Роден 1903 во Битола. Во март 1943 г. одведен е во Треблинка, каде е убиен.

Сефардски огласи

Студии и сеќавања за Евреите од Македонија, Скопје, 1995

Мориц Елазар

Евреите од предвоено Скопје во моето сеќавање

... Од интелектуалните професии треба да се истакнат неколкуте познати лекари, заболекари и аптекари, кои имаа свои приватни ординации, односно фармации. Во Еврејското училиште имаше неколку што работеа како учители. Познати беа господин Барзалеј, sinjor Bertran, господин Коен, господин Бехар и Гиверат Регин која беше позната по името, а не по презимето. Тие предаваа специфични Еврејски предмети и со тоа придонесуваа за развивањето на националната свест кај младите Еврејчина. Адвокати немаше се до пред Втората светска војна, кога своја канцаларија отвори дипломираниот правник Хаскел Катаривас. Во државната служба имаше малку Евреи: еден професор по јазик, неколку млади банкарски службеници, еден офицер, еден актер, еден службеник во Монополот за тутун и уште по некој. ...

АЛМАНАХ ОПШТИНЕ ГРАДА СКОПЉА, 1918-1928 ГОДИНЕ

уредил  Милан Ст. Недељкович
Скопље 1928 год.

Аптеки и дрогерии во Скопје

стр. 82

Име на аптеката
сопственик
основана
Живот
Садик Нусхет
1907
Арон Н. Сури
Арон Н. Сури
1892

Лекари во Скопје

стр.83

Аврам Нисам
Ервин Треу
Ана Вајс
Самуел Амодеј
Валентин Мершол