Јеврејски историски музеј у Београду, Београд 1979 год.
Еуген Вербер
Објаснување
на поедини еврејски називи и поими стр. 57
АГАДА - арамејски: приказна, зборот на хебрјски значи хагада. Во талмудската книжевност под агада се подразбира дел од градба која содржи мноштво на бајки, приказни, изреки, пословици, наспроти законодавниот дел кои се нарекува халаха.
АЛИЈА - во хебрејскиот јазик овој збор
означува неколку поими:
1. качување, успон,
2. населување на Израел (бидејќи тоа по древното сваќање на Евреите е свет
на земјата, па во него човекот се качува)
3. качување на бема при читањето на Тората,
4. во древната еврејска држава горниот спрат на куќата, рамен кров- солариум.
Во множина се вика алијот.
АМУЛЕТ - (на хебрејски: к мија, камија- отаму на каменот) и латинскиот збор амулет значи првенствено привезок. Од разни материјали, амулетите кај Евреите се појавуваат после враќањето од вавилонското ропство, откаде ги донеле верувањата во злите духови, демони. И покрај забраната на суеверните обичаи, ставањето на амулетите, запишување на разни облици со испишани или врежани делимично нерзбирливи текстови и зборови, било многу раширени и кај Евреите. Амулетот би требало да ги штити родилките, децата, патниците од урок, зли духови, болест и сл.
АРХАОТ СЕЛ ГОЈИМ - само во случај на караници и несогласување внатре во заедницата или пак ако самите Евреи би се обратиле на власта се пристапувале кон судење по државни закони, што било ретко применувано и во спротивност со верските прописи и одредби.
АШКЕНАЗ - од средниот век тоа е хебрејски назив за Германија, а придавката Ашкенази се однесува на дел од еврејскиот народ чии говорен јазик е јидиш (или германски, односно некои средноевропски или источноевропски) јазик. Ашкенаските Евреи имаат некои обреди кои се различни од Сефардските, а на друг начин ги изговараат некои самогласки и согласки на хебрејскиот алеф-бета.
БЕТ-ДИН - суд во галут, под овој поим се мисли на еврејскиот суд, кои во верските и статусните предмети имал во автономни еврејски општини единствено право пресудување.
БИКУР ХОЛИМ - хебрески-посета на болен. Една од мицвот према која болниот треба да се посетува, а особено оној кој нема семејство, па се грижи за него. Под тоа име се основани некои друштва.
БЕМА - уживање на столот за читање на Тора, обично во средината на Синагогата, а во модерните блиску до ормарот за светците.
ГАБЕЛА - приходи на општината од посебни такси која се плаќала за одредено колење на стоката и живината.
ГАОН - последни тумачи на еврејските закони, духовни водачи на еврејскиот народ во Вавилон, тогаш веќе Дамаски потоа Багдатски халифат, од 7 до почеток на 9 век се нарекувале гаон-и (возвишени).
ДАЈАН - судија во еврејскиот суд (бет-дин). Тој настојувал да ја сочува заедницата од надворешни влијанија и да се одбрани интересот на самата заедница.
ХАГАДА - Агада. покрај талмудскиот поим, хагада е и назив на обредната книга во која е запишан целиот домашен ритуал, првите две вечери и празникот Песах, со благослови, молитви и приказни за излегувањето на Евреите од Египед под водство на Мојсие. Хагада од дамнина почнале да ги илуминираат, а една од најпознатите во светот е т.н.р. Сараевска хагада.
ХАСКАЛА - (хебрески: просвета) покрет, настанал под влијание на просветата во Европа, во Германија во 18 век, а земјите на источна Европа во 19 век цели и биле ширење на световната култура и просвета меѓу Евреите, добивање на граѓанска слобода, обнова на употреба на хебрејскиот јазик за световна и книжевна потреба..
ХАСКАМА - (хебрејски-пристанување, споразум). Покрај основната смисла, се појавуваат и една врста на општински книги во која се бележат статути, договори за разни доприноси и правила на еврејската општина. Второ значење е дозвола на угледен рабин, учен човек, да се печати книга која ја толкува или коментира Тората. хаскама се запишувала на првата страна на Тората.
ХАШОМЕР ХАЦАИР - (хебрејски: млад стражар) младински покрет, од крајното лево крило на ционистичкиот покрет, во воспитната работа успешно преплетени искуства на извидничките покрети, марксистичкиот поглед на свет и позитивните вредности на еврејскиот народ и неговата култура. Цел на овој покрет: одење во тогашната Палестина, оснивање на кибуци, јакнење на социјалистичкиот покрет на еврејската држава и соработка со соседите. Во Израел од членовите на младинскиот покрет настанала социјалистичка партија МАПАМ.
ХЕВРА КАДИША - (арамејски: свето друштво) верско добротворно друштво кое од давнина постоело во еврејските општини, со разработени статути, внатрешна дисциплина, со векви со цели: посета на болни, набавка на лекови и лекари, наоѓање пренокишта за патници намирници и обавување на целокупниот ритуал околу закопувањето на мртвите. Сите услуги на друштвата за сиромашни членови на општина биле бесплатни. Со време се грижела само за закопување.
ЈЕШИВА - училиште, еврејско верско училиште во кое се учел талмуд. По завршување на основнато верско училиште (кај ашкеназите хедер, кај сефардите мелдар), се продолжува со студирање во јешива. Завршената јешива дава право на извесен степен на учено знаење.
ЈИДИШ - говорен јазик на ашкенашките Евреи, денес се зборува во САД, и Израел.
ЈОМ КИПУР - (хебрејски: ден на помирување, ден на откупување на гревовите), најголем верски празник на Евреите. Според верувањата И. тишри-а, на празникот Рош хашана- Нова година, бог запишува пресуди за учење на добрите дела или гревови, а на десетиот ден на тој месец, на Јом кипур ги печати тие пресуди. Јом кипур е пост, од предвечерина па до утрина не се јаде и пие, денот се поминува во безбројни молитви во синагогата. Деновите помеѓу овие два празника се нарекуваат јамим ноарим-страшни денови, или асерет јмеј хат шува- десет дена на покајување.
КАБЕЛА - еврејско мистично учење кое особено се развило во среден век.
КЕТУБА - венчален договор, без кој бракот се сметал за неважен. Формулата на договорот е освен посебните услови, била со векови исти, пишувана на арамејски јазик. Многу рано почнале да се илуминираат, а пишани се на пергамент, дури во 17 век и на хартија.
КУНТРЕС - тетратка, бележница, посебно за бележење при учење или изучувања на талмутската граѓа. Со тој назив се нарекуваат и Рашиевите коментари од Талмутот.
ЛАДИНО - говорен јазик на Сефардските Евреи.
МАГЕН ДАВИД - (хебрејски: Давидов штит) шестоаголна ѕвезда, составена од два еднострани триаголници, кој уште во првите векови на рачунањето на времето постанал знак на еврејството. Од средниот век често се појавува на синагогата, со обредни предмети. На амулетите се употребуваат повеќекраки ѕвезди но и петокраки. Петокраката ѕвезда често се нарекува Соломонов знак, била исто во употреба кај Евреите и не треба да се поистоветува со Маген Давид, кои од 19 век постанал еден од службените симболи (покрај менората) на Евреите, ционистички организации, а покасно и како дел од знамето на Израел.
МАХЗОР - (хебрејски: кружење, вртење) во најстара употреба, оваа именка се употребува за астрономски или годишен круг. Кај сефардите со махзором се нарекува молитвеникот за целата година, а кај Ашкеназите тоа се молитвеници во кои се собрани молитви и пијутим-верски песни, за поедини празници.
МАРАНИ - со сила покрстени Евреи во Шпанија и Португалија, од 15 век кои во тајност и понатаму ја држеле еврејските обичаи и верски прописи, и при можност се исповедале во својата стара вера.
МЕГИЛА - хебрејски: м гила, кожен свиток во ракопис. Посебно се пет книги Тнаха: Песна над песните,Рут,Тажалки,Проповедник и Естер,се нарекуваат м гилот.
МЕЗУЗА - (хебрејски: над вратата) покрај основното значење, м зуза е мал книжен свиток со два дела од Тората (броеви 6,4-9 и 11, 13-21) кои се во посебни кутии - од дрво или метал - се прицврстуваат на десниот довраток на вратите на еврејските куќи. Како во тие редови се објавува верата во еден бог, мезузата се смета секогаш со проглас и објава на еднобоштво, и дури во средниот век се правени обиди мезузата да се претвори во амајлија, која треба да го чува домот од зли сили или уроци. На надворешната страна на мезузата е испишан зборот шадај - кои се толкува на различни начини, но најчесто е прихватено дака тоа значи Семоќен.
МИЦВА - (хебрејски: заповед) Еврејската верска традиција брои 248 заповеди кој захтеваат извршување, а 365 каи заповедаат забрана сите заедно 613 мицвот. Кога традицијата зборува за награда за извршување, тогаш мицвата постанала симбол за блгопријатно дело, добро дело.
МИЗРАХ - (хебрејски: исток) обичај да во галут Евреите при молитвата се вртата кон исток, односно во правец на Ерусалим и брдата Гијон. Поради тоа во синагогата источниот ѕид бил резервиран за угледни членови на општината, а во куќите со цртежи, вез или со некоја друга слика без фигурални претстави го означувал источниот ѕид, за верникот да знае на кој правец да се сврти. Тие сликани и везени предмети едноставно биле нарекувани мизрах.
МЕСУМАД - неверник, отпадник. Оној кој отстапува од еврејското (најчесто бегале на места каде нема Евреи). Во таквите случаи проблем било ослободувањето на жената од непостоечкиот брак.
ОРТОДОКСИ - во време на буржуаските револуции,
со добивање на граѓанските слободи, и под влијание на Хаскала покретот, верската
стега во еврејските општини на Средна и Источна Европа постанале полабави и
многу Евреи со облекувањето, односите со средината во која живееле, па и напуштање
на некои строги обредни правила настојувале што повеќе да се изедначат со средината.
Ортодоксните
Евреи и понатака се држеле, и денес се држат до сите ситни правила на ритуалната
чистота и нечистота, се држеле до сите верски традиции на облекување и чување
на саботата и празници. Во превоена Југославија имале дванаесет автономни општини
со околу 3000 членови.
ПИНКАС - во хебрејскиот усвоен туѓ збор, грчки (пинакс) и од дамнина тие се записници и деловодници, рачунски книги на еврејските општини. Од сочуваните примероци можат да се дознаат многу поединости за животот на Евреите во разни градови.
ПИЗМОН - (хебрејски: лесна песна, со разгален текст, рефрен) еден од облиците на раното еврејско верско песништво со обавезен рефрен.
РАШИ - скратено име за рабинот Шломо Јицхаки, големиот коментатор на Тнаха и Талмудот од 11 век. Неговите коментари се испечатени во книгите на Талмудот сложувани во посебен тип на букви, кои биле своевидна стилизација на квадратното писмо па покасно тие се нарекувале Раши- букви. Некаде ги нарекуваат рабинско писмо. Има повеќе типови на тие букви.
РЕСПОНСЕ - „прашања и одговори“ од рабинската литература. Пишувани се со „расиева“ азбука, на хебрејски јазик. Изјавите на сведоците се пишувани на јудео-еспанол.
СЕФАРДИ - Евреи по потекло од Шпанија, од каде во 1492 год. биле протерани.
СЕФЕР - хебрејски: книга
ШУЛМАХ АРУХ - (хебрески: поставен стол) прирачен зборник на талмудски халахот, кои го составил Јосеф Каро.
ТАЛМУД - голем зборник на еврејското законодавство.
ТОРА - (хебрејски: наука) оваа именка го означува првиот дел на Тнаха, Пет книги на Мојсие, Наука, кои христијанските теолози го нарекувале Закон.
ВАВИЛОН - Вавилон во два периода е поврзан со историјата на Евреите. Во 6 век п.н.е. вавилонскиот цар Навукодоносор после опсадата го разурнал Ерусалим и Храмот и ги одвел Евреите во ропство кое траело 70 години. Вториот пат Вавилон се споменува во историјата на Евреите кога на територијата на некогашното царство, помеѓу доселените Евреи се развило духовно сведоштво, кое особено со кодифицирање на Вавилонскиот талмуд, пресудно влијае на понатамошниот опстанок на Евреите во светот.
ЗОХАР - (хебрејски: сјај, блесок) наслов на основната книга на кабела, се припишува на танаиту раби Шимону бар Јохају. Спрема денешното мислење на научниците, најверојатно во 13 век напишал кабалист раби Моше Де-Леон.